AdBlock нé шитна за пари

Adblock-Plus[1]

Популарниот плагин/апликација за блокирање реклами во веб пребарувачите, сега прима пари за да емитува одредени реклами, како дел од Acceptable Ads Initiative.

Иницијативата за „прифатливи реклами“ овозможува креирање на „бела листа на огласувачи“, чии реклами ќе бидат прикажувани на корисниците дури и кога блокаторот на реклами е активен.

На отворената платформа на AdBlock Plus на програмерите ќе им биде овозможено да направат реклами по  „Acceptable Ads“ стандарди, кои потоа ќе се најдат на белата листа за прикажување.

Прикажувањето на рекламите од белата листа ќе биде вклучено по дифолт, но за среќа, AdBlock ќе овозможи таа опција да биде исклучена во сетинзите на програмата, со што повторно ќе бидат блокирани сите реклами.

Вака звучи како залудна паника, но тоа што крена прав е самата одлука на AdBlock Plus да се реши на ваков чекор, кој за волја на вистината, скептиците во душа одамна го предвидоа. Критиката се однесува на тоа што ваквата постапка им оди во прилог единствено на луѓето зад AdBlock, а на штета на сите други – огласувачите ќе мораат да платат за да се гледаат само нивните реклами, а корисниците и понатаму ќе гледаат реклами (повеќето не се доволно tech savy, што би рекле компјутерџиите, за да ја исклучат „белата листа“ во сетинзите). Сето ова е во суштина многу апсурдно, бидејќи зборуваме токму за апликација што во сржта треба да е блокатор на реклами.

- Реклама -