Желатин: Од заклана свиња до гумена бонбона

Пред да продолжите да читате, знајте дека влегувате на територија каде што невините детски спомени и детето во вас не баш добро се снаоѓаат…12-flavor-gummi-bears_7[1]

И покрај привлечните форми и бои, гумените бонбони не се така невини како што изгледаат. Како што веројатно добро знаете, нивната главна состојка е желатинот. Е тој, желатинот, се прави главно од животинска кожа и коски. Да, со други зборови, гумените бонбони се всушност мелени остатоци од животни, сварени хемикалии и тони и тони шеќер. А колку и да звучи одвратно, изгледа уште поодвратно.

Следниов хорор мини документарен филм е дело на белгиската фриленс режисерка и новинарка – Алина Книпкенс. Видеото го следи целиот процес на производство на гумена бонбона без да ги цензурира непријатните делови, но во обратен редослед: од слатко шеќерно задоволство до лош вкус во устата – вкус на заклана свиња.

Пред комплетно да се откажете од гумените бонбони, знајте само дека не е сé црно. Постојат вегетаријански варијанти, со „желатин“ кој се прави од морски алги.

- Реклама -