FBI не може да најде хакери за вработување (сите дуваат)

computer-hacker-greenrushdaily-800x416-780x416[1]

Не е тајна дека американската влада има проблем кога се работи за вработување на експерти за сајбер безбедност, главно зашто хакерите не се љубители на федералците, а се способни да си најдат и друга работа што не вклучува соработка со нив. Ама постои уште една кочница: FBI наведува дека тоа е правилникот за тестирање на дрога, кој ги спречува експертите да се вработат во агенцијата.

Парафразирано, според Wall Street Journal, директорот на FBI Џејмс Комеј рече дека ако сака да ги лови таканаречените сајбер криминалци, владата мора да им дозволи на своите хакери да дуваат – бидејќи кој би се откажал од џоинт пред мониторот само заради работно место во FBI?

„Имам задача да вработам голем број луѓе, а некои од тие клинци сакаат да пушат трева непосредно пред интервјуто“, изјави Џејмс Комеј – директорот на FBI, кој практично рече дека владата мора да им дозволи на своите хакери да дуваат, ако сака да ги лови таканаречените сајбер криминалци.

„Смртно сум сериозен кога е во прашање користење на марихуаната“, рече на сослушувањето. „Не сакам младите да конзумираат марихуана. Тоа е противзаконско. Ние имаме тригодишна забрана на марихуаната. Не реков дека ќе ја промениме. Само реков дека морам да се сносам со промените во моето работно опкружување“.

Ваквите зборови доаѓаат по барањето на Конгресот агенцијата да вработи две илјади луѓе во секторот за борба против криминалот. Но, се покажува дека тие што ги бива со компјутери, не се баш од оние што освојуваат награди од типот „работник на месецот“.

Назад на правилникот. Според него, агенцијата нема да вработи никој што има пушено марихуана во последните три години (не се напоменува дали е дозволено да се јадат колачиња или други облици на марихуана).

Во теорија, има смисла да се олабави забраната за вработување кога е во прашање марихуаната. Порано годинава, федералците признаа дека владата не стои баш најдобро на полето на интернет безбедноста и дека разните агенции мораат детално да ги проучат своите пракси на вработување.

„Ние во 21 век имаме систем на вработување типичен за 40-тите и 50-тите години“, изјави Грегори Вилшусен, од Соузната служба за вработување.

За разлика од нејасниот пристап на владата кон марихуаната, повеќето Американци сметаат дека е време да се легализира. Во меѓувреме, марихуаната во САД е класифицирана како дрога од прв степен, барабар со најопасните наркотици кои му се познати на човештвото.

И покрај ставот на федералната влада, FBI наводно ќе го реши проблемот и ќе ги охрабри сите кои во брзо време имаат запалено џоинт – да се пријават за работа во агенцијата.

- Реклама -