Мапа на најголемите малцинства низ Европа

СПОДЕЛЕТЕ

Мапава првично е објавена од Reddit корисникот JimWillFixIt69, ама неодамна беше споделена и на Твитер профилот на шведскиот премиер Карл Билт, па оттаму веројатно можеме да ја сметаме за легитимна.

clipboard_14722175798[1]
Кликнете на сликата за да ја зголемите.

Како што може да се види на мапата, Турците се доминантни дури во 5 земји, и со тоа најраспространето малцинство во Европа. Најмногу ги има во Германија, Австрија, Холандија, Данска и Бугарија.

На второто место се „јадат“ Русите и Полјаците. За разлика од Русите, кои се доминантни во земјите кои граничат со Русија, Полјаците се најбројни во далечните земји, како Ирска и Исланд.

На трето место да ти биле Романците, кои масовно ја населуваат Италија, Шпанија и Унгарија (макар не би нé изненадило да се мисли на Ромите, којзнае).

Во нашиов регион, во Грција и Македонија најмногу ги има Албанците, во Албанија – Грците, во Србија – Унгарците, во Косово – Босанците, а во Босна, Хрватска, Црна Гора и Словенија – Србите.

Мапава дава подобар увид во меѓуетничките односи и евентуалните општествени тензии во европските земји.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ