Правдата е ужасно спора

СПОДЕЛЕТЕ

2-homeless-rex[1]

Бездомничка од Вашингтон, која на сите наоколу им зборувала дека државата, поточно социјалната служба ѝ должи чек од 100.000 долари, конечно успеа да ја истера правдата, по 16 години поминати на улица и долга битка со федералната агенција. Но, тоа се случи само затоа што се најде човек што реши да ѝ помогне.

Сега 80-годишната Ванда Витер повеќе од десет години спиела во блискиот McDonalds. Имала само три куфери со свои зачувани предмети, воглавно документи.

Кога им зборувала на луѓето дека државата ѝ должи пари, луѓето мислеле дека е луда. Ѝ велеле дека е редно да се ослободи од куферите, дека се безвредни. Но на крајот, сепак чекот пристигнал, по голема заслуга на социјалната работничка Џули Тарнер, која ѝ именувала адвокат, пишува Вашингтон Пост.

Долгогодишната битка со федералната агенција почнала кога Витер ја изгубила работата како машинистка во Корнинг и се преселила кај својата ќерка во Колорадо. Таму се запишала на курсеви за помошник адвокат во еден локален колеџ, и ги завршила три години подоцна.

Во меѓувреме не успеала да најде работа во ниту една адвокатска канцеларија во Вашингтон, а чековите од социјалното, кои ги примала од 2006 до 2008 година, доаѓале со неточни суми. Од таа причина Витер ги означувала како „неважечки“ (void) и ги враќала, решена да ја исправи неправдата.

Но наместо тоа, чековите целосно престанале да пристигнуваат. Заштедите ѝ се потрошиле, а Витер се преселила во згрижувачки центар за бездомници, одбивајќи ја помошта на својата ќерка. Сега приоритет ѝ била друга битка – да почне повторно да ги добива чековите, макар и со погрешна сума.

Но нејзините „приказни“ не само што нема да ѝ помогнат, туку ќе ја доведат и до лудница, каде што ќе биде испратена на психијатриско лекување. Очекувано, и покрај тоа Витер продолжува да инсистира дека државата ѝ должи пари.

Конечно, во мај годинава, Џули Тарнер ќе ја одведе во Правниот совет за стари лица, каде нејзината адвокатка Даниела де ла Пиедра востановува дека на Витер навистина ѝ должат пари.

Во јуни годинава Ванда го добива првиот чек, на 999 долари – максималниот износ што социјалните служби смеат да го исплатат во еден наврат. По првите неколку плаќања, сега Ванда живее во свој стан, за кој плаќа 500 долари месечно. Но сликите од улицата уште ѝ тежат, како модрото око што го добила кога еден бездомник ја претепал со стол затоа што го спречила да пребарува по предметите на друга жена.

„Сето ова време, таа имаше потреба од економска, а не од психијатриска помош. Тоа е дел од проблемот со бездомниците во Вашингтон (читај: со бездомниците насекаде). Толку многу случаи се сметаат за психички болни, но всушност имаат ‘нормални’, економски проблеми“, заклучува Тарнер за Вашингтон Пост.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ