Може ли да се предвиди земјотрес?

СПОДЕЛЕТЕ

zemjotres

Во октомври 2012-та, шестмина научници и еден вработен во владата на Италија, беа осудени за убиство без предумисла, само затоа што не го предвидоа разорниот земјотрес од 2009-та во кој настрадаа над 300 луѓе. Се разбира, тоа предизвика бурни полемики и го постави неизбежното прашање: Може ли воопшто да се предвиди (така силен) земјотрес?

Како што објаснуваат експертите, научниците можат да претпостават каде ќе дојде до земјотрес, но сé уште не постои начин да се процени кога ќе се случи тоа и колку силен ќе биде.

Најчесто, до земјотрес доаѓа поради поместување на тектонските плочи, при што кое плочите се заглавуваат, а тоа предизвикува тензија и напнатост во карпестата маса. Во моментот кога притисокот е толку голем што карпестата маса не може да го издржи, доаѓа до кршење, лизгање и пропаѓање долж расцепите, што на површината резултира со земјотрес.

Научниците главно знаат отприлика каде се механичките дисконтинуитети на карпестата маса, каде што и се одвива движењето, па врз основа на тоа изработуваат мапи на локациите со најголема веројатност да се случи земјотрес.

Меѓутоа, се уште не може да се предвиди дали тоа ќе биде мал или потрес од катастрофални размери, како овој во Италија што ги срамни со земја Аматриче, Акумоли и Пескара Дел Тронто.

tocka-205650[1]

Кетлин Тирнеј од Националниот центар за природни катастрофи при Универзитетот во Колорадо, вели дека најдоброто што може да се направи за превентива е сите луѓе што живеат во ризични подрачја, во секој момент да бидат подготвени и да имаат план за евакуација.

Некои земји додуша имаат системи за предупредување, што ја олеснува евакуацијата на луѓето во погодените региони. Во Јапонија, каде што земјотресите не се ретки, таков постои од 2007 година. Системот ја алармира јавноста во истиот момент кога научниците ќе детектираат тресење на земјата.

Тирнеј истакнува дека луѓето треба добро да се подготвени во секој момент, а особено ако од последното тресење на земјата поминало подолго време.

Извор: National Geographic

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ