Школо за сирени…

СПОДЕЛЕТЕ

Cqov46nWYAIkYDC[1]

Во жештините на Њујорк Сити, на Кони Ајленд во Бруклин можете да видите група жени седнати на плажата како прават некои нејасни движења што малку потсетуваат на фоки. Кога ќе ве заинтригира и ќе погледнете подобро, ќе сфатите дека нозете им се споени и облечени во тесна гума со перка. Жениве уствари глумат дека се сирени.

Целата таа глетка е всушност само еден обичен час во Школото за сирени, во кое обучени инструкторки (и инструктори) ги учат студентите да пливаат (во грозна вода) како да имаат опашка наместо нозе, т.е. како што би пливале сирените (ако постоеја). Се испоставува дека такво нешто всушност воопшто не е лесно и дека бара голема цврстина на торзото и ‘рбетот, а кога ќе се тоа ќе се постигне, наводно чувството е прекрасно. Тие што се понапредни можат да пливаат и низ обрачи, како делфин!

Ако се прашувате зошто сирени, а не некој понормален спорт/вежба, една од „студентките“ објаснува:

„Ми помага да бидам јас, да бидам слободна. Нема пречки, не мислам на тоа дали сум дебела (дебелка е, и троа стара) или дали сум слаба, јас сум едноставно сирена. А како сирена, се чувствувам прекрасно“.

Ако не ви е доволно објаснувањево, тоа е, шо да ви праиме…

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ