Бред Пит – дете југословенско

СПОДЕЛЕТЕ

me_and_brad[1]

Во 1988, Бред Пит беше 24-годишен wannabe актер во ситни улоги по одвај познати американски тв серии, улоги во кои не беше ни наведувано неговото име. Очајно му требаше главна ролја што ќе остане запаметена (било како), а конечно таква доби во југословенската (со американска копродукција) драма The Dark Side of the Sun („Темната страна на Сонцето“) – неговиот прв и речиси комплетно заборавен филм, во режија на црногорскиот режисер Божидар „Бота“ Николиќ, а по сценарио на Жељко Мијановиќ и Никола Јовановиќ.

Гласините велат дека кога Бред Пит дознал дека е избран за улогата, направил колут напред од радост, и тоа на тротоарот пред куќата на продуцентот Анџело Аранѓеловиќ. За ангажманот му била ветена плата од 1.523 долари неделно, за снимање што требало да трае 7 недели (вкупно околу 10.5 илјади долари).

Инаку, во филмот Бред Пит го глуми Рик – младич од богата фамилија што има смртоносна алергија на сонце. Ако неговата кожа се најде изложена на сончева светлина, ќе умре за три дена. Затоа е приморан од неговиот татко да носи нешто налик на садо-мазо кожен костум и маска, покриен од глава до пети. Семејството доаѓа во Југославија, каде после неколку неуспешни обиди на докторите, родителите на Рик се решаваат да се обидат со некој си исцелител…

Ако си мислите „која трагедија и иронија, таков убавец да остане скриен под костум“, џабе си мислите. Во филмот Пит ќе покаже и дека е срцка (застанува со мотор за да спаси кученце, гали делфин), ќе ја покаже и совршената (за разлика од глумата) фацка, а и совршеното тело. Нормално, потоа филмот ќе отиде во правец љубовна прича…

Како и да е, не беше југословенскиот филм тој што го прослави. Главната причина е што е премногу (под)просечен за такво нешто, а згора на тоа и се снимаше во мошне бурни времиња на Балканот, на работ на распадот на Југославија. Завршен е дури во 1997 година, кога Пит веќе важеше за „најголемиот пастув на ’90-тите“.

Мала селекција од сцени од филмот:

Прв пат ја покажува фацата:

Сцената со делфинот. Викаат не била во сценариото:

Прв пат ја соблака маицата:

ЦЕЛ ФИЛМ:

- Реклама -