Home Популарно на 365 Како е да се работи на луксузна јахта

Како е да се работи на луксузна јахта

0
Како е да се работи на луксузна јахта

WorthAvenueYachts_yacht-for-sale-8[1]

Речиси и да нема луксузна јахта која нема своја послуга. Сопствениците на јахти не сакаат да се замараат со јажиња и чворови, да се грижат за безбедноста и расположението на морето, или да менуваат постелнини. Затоа не штедат пари на персонал кој нивниот престој на море ќе го направи лесен и удобен.

Сара Бегби е стјуардеса од Австралија. Почнала да работи на луксузна јахта во 2014 година и како хостеса работела околу година и пол. За тоа време ги пропатувала Тајланд, Индонезија, Сингапур, Малезија и Бурма.

„Приватниот шеф на кујната готвеше и за гостите и за екипажот, а храната е на највисоки стандарди. Еднаш јадевме јапонско Кобе говедско, кое чини 11.000 долари“, раскажува Бегби.

Дополнителен бонус е што во слободните денови екипажот може да ги користи сите „играчки“ – вејборд, даска за сурфање и слично. Трошоците за живот се минимални, а месечно Бегби успевала да заштеди по околу 2.200 фунти.

Бетани работела како стјуардеса на јахта три години. И таа има слични искуства.

Работела на четири различни јахти – за азиски бизнисмен, за човек со „кралска крв“ од Блискиот Исток и многу пати за еден руски милијардер.

„Две од четири јахти беа чартери. Една чинеше милион долари за недела дена, а другата 35.000 евра за недела дена, но без провизија и гориво“, вели Бетани.

Ѝ плаќале 4.000 евра месечно, во што се вклучени сите трошоци – меѓу кои и два авионски лета до дома годишно. Годишниот одмор ѝ траел вкупно 60 дена.

„Мојот најголем бакшиш беше 4.000 евра за еднонеделна пловидба, а со оглед на тоа што на јахтата имаше 36 членови на посадата, бакшишот всушност беше 144.000 евра. Имам пријателка која доби бакшиш од 17.000 евра за двонеделно патување. Тоа е најголемиот бакшиш за кој сум слушнала“.

Yacht-Crew-Stewardess-flybridge[1]

Не е ни чудо што многумина служењето на луксузна јахта го нарекуваат „работа од соништата“. Ама како што веќе сте сфатиле во животот, никој не ти дава јапонско Кобе од 11.000 долари за џабе. Ако ги прашате овие што работеле, ќе ви кажат дека за така добра плата ќе морате да ја истрпите и другата страна на работењето на јахта.

По полноќ, на пример, работата на Сара ѝ била да прави сладолед, колачи и тостирани сендвичи за гладните гости. Имала работа до доцна во ноќта, но не, Сара не работела трета смена. Всушност, работниот ден ѝ почнувал рано наутро, уште пред да изгрее сонцето. Меѓу нејзините должности биле и одржување на кабините и сервирање храна и алкохол понекогаш и за 16 не баш скромни гости.

„Денот ми почнуваше во 6 наутро и траеше околу 16-18 часа. Никогаш немав седнато подолго од две минути, буквално се работеше цело време“, раскажува Бегби, која додека богатата клиентела престојувала во луксузни кабини, како и другиот персонал – била сместена во минијатурна соба.

Бетани повторно има слични искуства.

„Најдолгиот работен ден кој сум го имала траеше 25 часа. Бев непрекинато на нозе, а најдолгата пловидба траеше 40 дена – период во кој немав стапнато на копно. Немавме време да ручаме, па само грицкавме од нога, за да можеме да издржиме“.

Untitled-25[1]

Една друга анонимна стјуардеса раскажува приказна за 16-годишниот син на една милијардерка-наследничка. Тинејџерот неколку пати се имал олеснето во креветот, онака, за да се изживува. Екипажот тоа ѝ го пренел на мајка му, а кога овој разбрал дека го разоткриле, почнал да се одмаздува оставајќи отисоци од прсти на сите огледала на јахтата. А како што раскажува стјуардесата, тоа било јахта со многу, многу огледала.

Истава стјуардеса има приказна и за една госпоѓа што барала да ѝ биде пратен канадер (авион, како оние против пожари), за да ја однесе кај својот фризер во Канада. Госпоѓава во тој момент била на Алјаска.

„Секако дека имам сретнато многу трофејни жени и ужасни деца кои растат ‘со сребрена лажица’ во устата, но имам запознаено и најпрекрасни луѓе. Не стигнале таму кај што се, а да немаат баш ниту една добра карактерна особина“, заклучува една друга послужувателка на јахта.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here