Медалите на Мајкл Фелпс ќе го опарат Даночно

СПОДЕЛЕТЕ
Она кога ќе ти текне дека ќе те ошурат со даноци и солзите сами капат.
Она кога ќе ти текне дека ќе те ошурат со даноци и солзите почнуваат сами да капат.

Дури ни Мајкл Фелпс не е доволно брз за да избега од американското Даночно (IRS), кое прилично ќе се опари од неговите пет златни и еден сребрен медал на Олимписките Игри во Рио.

Како што известува CNBC, Фелпс ќе треба да плати вкупно околу 55.000 и кусур долари (околу 49.000 евра) даноци, на освоените 140.000 долари во премии на ОИ во Рио. За секој освоен златен медал, членовите на американскиот олимписки тим добиваат по 25.000 долари, за секој сребрен 15.000, а за секој бронзен – 10.000 долари.

„Како и секоја друга награда, без разлика дали џекпот на лото или Нобелова награда, спортистите се исто така обврзани да платат данок, бидејќи бонусите се сметаат за приход“, вели професорот по сметководство на Универзитетот во Сан Диего – Стивен Гил.

Максималниот можен данок што Фелпс може да го плати за медалите е 39.6%. Тоа е процентот што го плаќаат најбогатите луѓе во САД, а тоа претставува 9900 долари по златен медал,  5940 долари за среброто и 3960 долари за бронза. Спортистите со пониски годишни приходи ќе платат и пониски даноци.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ