Владата ги кастри мршојадите: Забрана за покачување на цените по поплавата

СПОДЕЛЕТЕ

IMG_4575-8-8-16-Poplava-posledici-Cento-Skopje-800x600-640x426-640x360[1]

Владата донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало на ниво кое се применувало до 5-ти август годинава, односно пред поплавите.

Од Министерството за економија информираат дека одлуката се однесува на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција.

Гумените чизми се продаваат по двојно повисока цена. Забележано е зголемување на цените и кај лопатите,  пумпите за вода, кофите, свеќите, односно кај сите продукти кои деновиве се купуваат во големи количини.

Револтот граѓаните го изразија и преку социјалните мрежи. Апелираат до трговиците да ја покажат својата хуманост  и  да не  ја користат оваа елементарна непогода за да заработат. Велат дека залихите од продуктите кои се неопходни за во кризните пододрачја подобро е да ги доделат бесплатно отколку да  се богатат, со што само би си направиле лош маркетинг.

Пред две години се случи истото и во Србија. Кога земјата ја зафатија обилни дождови и поплави, цените  на водата, храната и чизмите пораснаа и до 400 проценти.  Револтирани  од односот на трговците, институциите во змејата спроведоа строги контроли и казни за сите оние кои неоправдано ги покачија  цените.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ