Home Култура Свеченото отворање на Олимписките игри нема да биде фенси

Свеченото отворање на Олимписките игри нема да биде фенси

0
Свеченото отворање на Олимписките игри нема да биде фенси

2aedfe70-89e4-4fe2-9faa-50ac261f6a44[1]

Ако очекувате церемонијата на отворањето на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро да приреди спектакл што ќе ги засени оние од претходните неколку Олимписки игри, имате добри шанси да бидете разочарани. До почетната церемонија остануваат уште само неколку часа (вечер во 1 по полноќ) и по сé изгледа дека десетината илјади спортисти кои ќе излезат на Маракана ќе добијат скромен пречек.

Причината, се разбира, е краток буџет. Поради економската криза во Бразил, организаторите на настанот се принудени да работат под значително соголен буџет, информира британскиот Daily Mail. Во интервју за весникот, режисерот на церемонијата на отворањето – Фернандо Меирелеш (познат како режисер на култниот бразилски филм City Of God, номиниран за 4 Оскари), вели дека за него е чест да ја предводи програмата, но вели дека организацијата на настанот се сретнала со досега невидени предизвици.

Првично, за четирите церемонии (отворање и затворање на Олимписките и Параолимписките игри) беше предвиден буџет од 113.9 милиони долари, но „малку по малку овој буџет беше скратен и во моментов располагаме со 55.9 милиони“. Според него, оваа сума е за 12 пати помала од сумата предвидена за организацијата на церемониите во Лондон и едвај една дваесеттина од буџетот искористен во Пекинг пред осум години.

„Ова исклучително ја отежнува нашата работа“, коментира Меирелеш, додавајќи дека помалку финансии значат и помалку атракции и изведувачи. 

Сепак, тој смета дека ситуацијата има и позитивна страна: „Отпрвин бев вознемирен, бидејќи ограничувањата не ми дозволуваа да ја расплетам својата визија за шоуто. Но од друга страна е добро, бидејќи се наоѓаме во време кога треба да почнеме да трошиме поразумно. Кога 40% од домовите во Бразил немаат канализација, не можеш да си дозволиш да потрошиш милијарда реали (бразилска валута) за претстава. На крајот, јас сум задоволен што не трошам пари што Бразил во моментов ги нема“.

Меирелеш е убеден дека и покрај финансиските ограничувања, можно е да се направи нешто незаборавно, и се надева дека отворањето на Игрите ќе го подигне духот на неговите сонародници.

„Со оваа церемонија ќе испратиме јасна и силна порака“, ветува тој. „Церемонијата што ќе ја понудиме нема да биде голема, но ќе биде направена со вкус и срце. Мислам дека тоа ќе биде доволно“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here