Чистење на забите со конец – уште едно „пу пу, не важи“?

СПОДЕЛЕТЕ

download

Чистењето на забите со конец (flossing) веќе со децении се препорачува како задолжителен дел од хигиената на забите и устата, ама одеднаш исчезна од препораките кои највисоките здравствени тела во САД ги издаваат на секои пет години.

Како што се наведува во американските медиуми, причината за тоа е што темелните истражувања не покажуваат дека чистењето со конец значително придонесува за здравјето на забите и непцето.

„Во големите истражувања, доказите кои говорат во прилог на чистењето со конец се многу слаби“, вели Тим Џафол од Националниот институт за дентално истражување. Заболувањата на непцето се развиваат со години, а бројните истражувања траат премногу кратко – неколку месеци. Затоа и податоците кои научниците ги добиваат се недоволно јасни.

Според Associated Press, чистењето на забите со конец официјално се препорачува уште од 1979 година, но дека конкретни докази дека тоа има ефект не постојат или се многу малку и мали.

„И покрај тоа, властите, забарските организации и производители инсистираат на таа пракса со децении“, пишува AP.

Агенцијата, водена од законот во кој се бара официјалните препораки да бидат засновани на стриктно научни факти, минатата година побара од мнистерството за здравство да им приложи солидни докази кои одат во прилог на чистењето со конец. Одговор во форма на докази не доби, ама препораката за 2016 осамна без чистење на забите со конец, а AP доби писмо во кое властите признаваат дека „ефикасноста на flossing-от никогаш не била темелно истражена“.

Во меѓувреме AP ги прегледа најригорозните истражувања од последните децении, фокусирајќи се главно на 25 од нив, кои ги споредуваат луѓето што користат четка – со они кои користат и четка, и конец. Што најдоа? Доказите во прилог на вторите се „слаби и недоволно уверливи“, а самите истражувања носат голем „потенцијал за пристрасност“.

Тоа што е недокажан, не значи дека ефектот од flossing-от не постои. Зајакот може да лежи во тоа што едно такво солидно истражување би било многу комплексно за изведување. Би требало да вклучува многу луѓе, и да ги следи со години. Би требало да се води ригорозна евиденција за тоа дали навистина партиципантите ги чистат забите со конец секогаш кога е потребно, и дали тоа го прават правилно. Накратко, такво истражување би било можно само во нелабораториски услови. Згора на тоа би било и многу скапо, па единствени што би се нафатиле да го направат би биле некои големи компании со личен интерес. Тоа пак, би можело да го класифицира како нелегитимно. Постои и етичка дилема: да мачите цела контролна група да чисти заби со конец со години, и на крај да се покаже дека е залудно… не би било на арно.

Како и да е, чистењето со конец има одредени сигурни позитивни ефекти, кои во очите на научниците алудираат дека тоа би можело да спречи болести на забите и непцата. Негативни (освен ако претерате). Затоа и го препорачуваат, за ваше добро. Од друга страна, ако конецот навистина е ефективен, а вие сте го запалиле при прославата на оваа вест, тоа може да резултира со проблеми. На крајот на краиштата, Денталната асоцијација на Америка сé уште стои зад ставот дека тоа треба да се прави и се надева дека ова ќе предизвика добра дебата меѓу вас (лаиците) и вашиот забар (кој веројатно лесно ќе ве убеди).

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ