Еве дали и зошто камерата додава „10 кила“

СПОДЕЛЕТЕ

Camera-Adds-10-Pounds[1]

Тоа дека додава 10 кила ќе ви го кажат тие што чуле, ама не дочуле, затоа што во Aмерика уствари викаат „10 pounds“, што уствари се 4.53 кила. Туку да не ситничиме, затоа што тоа дали камерата додава, и колку, зависи од еден куп фактори.

Прво, тука е фотографот. Со лошо/добро осветлување, агол, леќа, тој може да направи да изгледате дебели, слаби, или нормални, какви што сте. Како и да е, и камерата си има улога, што благодарение на блицот, што на леќата што се користи.

Следниов gif е дело на Ден Војтек – специјалист во екстремни спортови и фотографија. Тој илустрира како различни леќи влијаат на изгледот на лицето на субјектот.

different-lenses-focal-length-perspective-spatial-distortion-example-gif-3

Мобилните телефони имаат 35 mm леќи, на пример. Не се баш најдобрите за портрети. Најдобри би биле 50 милиметарски, во фул фрејм. Од друга страна, за да изгледате послабо, ви требаат леќи со помала фокална должина. Во тој случај, пак, носот ќе ви изгледа поголем. Никако не си…

Зошто е тоа така?
Најголемиот проблем е што ние го гледаме светот со две очи, а мозокот го зема тоа што го гледаме и го соединува во една слика. Тоа ни овозможува длабочина во перцепцијата. Камерите практично имаат едно „око“ и немаат прецизна длабочина како што имаме ние. Така, доколку фотографот не корегира, субјектите на фотографиите изгледаат порамни, посплеснати, и со тоа пошироки (подебели) отколку што навистина се.

Мајкл Ричмонд – професор по физика на Институтот по технологија во Рочестер, сето тоа го има убаво и сликовито објаснето.

camera_view[1]
Кога гледаме со едно централно поставено „око“ т.е. со камера
Кога гледаме со две очи.
Кога гледаме со две очи.

Истиот пример со шолја за чај:

view1
Кога гледаме со централно поставена камера.
view2
Гледано со лево око.
Гледано со десно око.
Гледано со десно око.

А на следната слика се двете перспективи (на левото и десното око), споени во една. Се забележува дека левата и десната половина не се совпаѓаат баш целосно на средина.

merged_193_195_blink[1]

Значи, да ги споредиме:

strip_194_small[1]
Гледано со камера.
strip_193_195_small[1]
Гледано комбинирано од левото и десното око, како што „гледа“ мозокот.

Забележувате? Иако шолјата е сосема иста во ширина, до пиксел, позадината изгледа многу поразлична т.е. плочата што ја гледа камерата изгледа многу потесна од таа што ја гледа мозокот. А кога плочата е потесна, шолјата пред неа (објектот во фокусот) изгледа многу поголема, затоа што мозокот ја споредува со околните предмети. На следниов gif тоа е уште повидливо:

Ако гифов не мрда, направете refresh на страната.

Ете, затоа сме дебели на слики.

- Реклама -