УШТЕ ТРИ НОВИ ТЕРМИЧКИ ФАСАДИ ВО КАРПОШ

СПОДЕЛЕТЕ

karposh

Општина Карпош ќе обезбеди заштеда на електрична енергија и за станарите на три згради во Карпош 3. Станува збор за реконструкција и поставување на термички фасади на кулите на улицата „Драгиша Мишовиќ“ , односно на станбените објекти со број 4, 8 и 12. Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски, во изјава за медиумите ја посочи целта на обновата на фасадите.

– Покрај разубавувањето на фасадите овие фасади се и термички, што значи дека граѓаните ќе имаат во зимно време заштеда за греење, а во летно време заштеда за ладење. Вкупната инвестиција е 13.700.000 денари, а работата ја извршува фирмата „Електроводомонт“ – рече Јакимовски.

Тој ги потсети граѓаните кои немаат аплицирано за реконструкција на покриви, тоа да го направат што поскоро, сé со цел во наредните 30 години, станбените објекти да бидат во добра состојба.  По отпочнувањето на градежните работи, изработката се очекува  да заврши за околу 60-на дена.

„Градежната офанзива“ во Општина Карпош не престанува, така што, во моментов, се работи на 30 фасади на згради на нејзина територија.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ