Home Букаке Забава Ноам Чомски: 10 стратегии за манипулација на жени

Ноам Чомски: 10 стратегии за манипулација на жени

0
Ноам Чомски: 10 стратегии за манипулација на жени

z_noam_web[1]

Досега на сите би требало да им се познати „10-те стратегии за манипулација“ – еден од најсподелуваните интернет текстови на Ноам Чомски – најкомерцијалниот филозоф на денешницата. Во тие 10 точки, Чомски открива дека нé лажат, нé мазат, нé манипулираат, крадат и замајуваат, мамата у п**** нивна глобалистичка. И во право е стариот. Сé е тоа вистина.

Ама пошто ние морал многу немаме, сакавме овие стратегии, кога веќе се толку добри, да ги искористиме за да се офајдиме. Затоа го прашавме Чомски дали неговите стратегии можат да се применат и на жени.

„Па, не би да се фалам, ама…“, и стариот почна да објаснува.

Пренасочување на вниманието

Битно е да се заташкаат круцијалните ствари со поплава од небитни. На пример, фактот што си глуп како точак можеш да го надоместиш со абнормална количина на самоувереност, потенцирајќи го фактот дека си живеел во Париз или дека меѓу 1000 души ти знаеш да бидеш најгласен. Стратегијата е идеална на журки каде што има доста глупачи и студенти интелектуалци, кои ти со својата галама ќе ги дотераш во глувчешка дупка, останувајќи единствениот ропак на пазарот, што може да ти донесе поприлична количина на риби.

Создавање проблеми

Идеално за сите ликови кои се во врска или брак. Најдобрата превентива против разбранувана толпа е застрашување на истата и создавање атмосфера во која толпата би се исплашила и со тоа би престанала да се буни. Аналогно, најдобрата стратегија против женско препичавање и обиди да ги остварат своите права е цврста рака. Ако сака, на пример, да купи некое скапо парталче, твое е да ѝ укажеш дека така ќе го привлече вниманието на другите мажи, кои може да ја силуваат и тогаш сама ќе биде крива.

Постепеност во промените

Радикалните мерки не можат да бидат спроведени стихијно, туку чекор по чекор, како што цела кофа гомна не се јаде одеднаш, туку лажичка по лажичка. Веројатно сте слушнале колку се глупи жабите и дека не контаат дека ќе бидат сварени кога температурата на оганот се зголемува постепено. Така е и со жените. Ако сакаш да ја фрлиш во позиција од среден век, прво убеди ја дека странски служби прислушкуваат фејсбук, вајбер, снепчет, инста… Штом ќе се исплаши, после сé е полесно. Другиот чекор е да ја убедиш дека користењето на технологиите ги зголемува шансите да добие рак на цицките, грлото на матката и мозокот. Потоа задоволно протриј ги рацете, ама не застанувај. Нон-стоп потсетувај ја како некогаш сé било подобро, а сега е сé срање, и дека некогаш се знаел редот – дека жените раѓале многу повеќе деца и им ги переле нозете на мажите. Опционално, наместо икона, во дневна можеш да ставиш постер од некој познат тепач на жени.

Одложување

Ако живееш во Македонија, минимум 20 години си сведок како добрите луѓе од политиката и владата најавуваат некој настан во иднина, а кога ќе дојде до таа иднина, од настанот нема ништо. Ова е важна стратегија што мора добро да се разработи. На пример, не можеш да ѝ речеш „утре те носам на вечера“ и после да ја заебеш. Исто како што не може ни да ѝ речеш дека „ќе те носам на море за пет години“, пошо баш ја заболе дали ќе иде на море ако треба да те трпи пет години. Затоа учи од политичарите: мораш да најдеш некој рок што е доволно близу за да влева надеж, а што е доволно далеку за да биде заборавен кога ќе стигне време за реализација. Еве, „следниот месец“ нека биде твоето политичарско „за две години“.

Употреба на инфантилен говор т.е. Baby Talk

Чепати се како да си ѝ двегодишно синче и она автоматски ќе мисли дека си нежен и грижлив романтичар преполн со љубов, а ти за тоа време можеш раат да се забављаш со некоја рандом глупача и да ја правиш будала во фаца.

Емоциите како оружје

Сјајно решение за навидум безизлезни ситуации, како на пример кога ќе те фати буквално во друга жена.

На нејзиното „ГОВЕДО, МОРОН, П**** ТИ МАТЕР, ГОТОВО Е!“, твојот одговор треба да изгледа вака:

„Ти сега мислиш дека ќе речам дека ова не е така како што мислиш, ама да, ова е баш тоа што ти мислиш. Нема да те правам будала, бидејќи ти тоа не го заслужуваш. Во моментов имам однос со друга жена, ама… Ти заслужуваш најдобро, многу подобро од мене. Додуша реално, ти тоа што го заслужуваш не постои на овој свет и ништо не ме погодува како фактот што не сум доволно добар за тебе. Заради тоа патам и правам разни глупости. Вчера хероин, денес ова, утре којзнае што. Задутре боем во пеколот. Сé заради тебе, моја единствена…“

… на што нејзиниот одговор ќе изгледа вака: „Аwww, мил мој, јас сум крива за сé! Дојди да те гушнам“.

Ако добро следите, ќе увидите дека и сам Доналд Трамп користи слична стратегија, а Американциве се као „го сакам дека е искрен“.

Држи ја во незнаење

Уствари, заглупави ја максимално. Сними ѝ 300 трки со кучиња и пуштај ѝ ги на рипит. Речи ѝ дека ќе ја частиш сок ако погоди пет победници во серија. Не за џабе кладилниците ја фураат истата прича: еве цела деценија зомбињава блеат во екранот и пробуваат да го предвидат минатото и да се збогатат, додека газдите задоволно ги бројат парите.

Величање на глупоста

Потсетувај ја дека е „божјо суштество со ангелска убавина“, но дека како последица на тоа е глупа ко точак (дека никој не е совршен), и дека заради тоа (што е глупа) заслужува да ѝ ја пукнеш фацата ако те нервира, кучка, п*** и матер.

Создавање на чувство на вина

На пример, кога ќе ја претепаш заради загорениот ручек, погрижи се да сфати дека ќотекот е воспитна последица на нејзината катастрофална грешка предизвикана од непочит и неодговорност, а не причина да се јавува по SOS телефони и слични срања. Ако не е ептен недомаќинка, можеш и да ја потсетиш и дека ова е трета тава што со твоја рака ја скршила од своја глава месецов, и дека следен пат ќе ѝ одбиеш од парите за шминка за покривање на модриците.

Текстот е украден и изманипулиран

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here