Фаќајте возот со време: Колку кошта куќа во Грција на море?

СПОДЕЛЕТЕ

Куќа на море на Халкидики или Тасос, со двор и комплетен мебел, на помалку од 100 метра од морето, знае да е поевтина и од стан во Скопје.

Причината за големиот пад на цените на недвижнините во Грција лежи, се разбира, во економската криза. Падот достигнува и до 30 до 40%. Така, денес куќа од 75 квадрати во популарното летувалиште Пефкохори може да се најде за 65.000 евра, во што се вклучени и погоре наведените услови – целосно наместена и на 70 метра од плажа. Во конкретниов пример, куќата се наоѓа близу центарот на градот и има клима, камин и сигурносна врата.

Sky-Center-Pefkohori-10[1]

Слична е состојбата и во Никити, Неа Фокеа, па дури и на Тасос, каде цените се сепак малку повисоки. На островите, впрочем, има најмал пад на цените, но квадратот и понатаму е релативно евтин – куќа од 130 квадрати може да се најде за 140.000 евра т.е. нешто малку повеќе од 1000 евра по квадрат.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ