Научниците успешно синтетизираа течно гориво од соларна енергија

СПОДЕЛЕТЕ

shutterstock_72680935[1]

Се чини дека научниците открија начин директно да ја конвертираат соларната енергија во синтетичко гориво, користејќи јаглероден диоксид.

Денешните соларни технологии оперираат или во режим на фотоволтаичен, или на термален солар. Фотоволтаичната соларна енергија е генерирана од соларни панели, какви што типично можат да се видат на покривите на куќите и на многу соларни фарми. Другиот метод – термален солар, типично се користи само во големите електро-централи, бидејќи користи огледала за да ја фокусира соларната енергија со цел да загрее течност која потоа ги напојува електричните турбини.

Како и да е, и при двата метода, соларната енергија се конвертира во електрична енергија. Да, таа е доста корисна, но многу од енергијата се губи при зачувувањето на електричната енергија. Процесот на конвертирање на соларната енергија во течно гориво ја надминува таа пречка.

„Ова овозможува соларната енергија да биде зачувана во форма на хемиски врски. Полесно е отколку да се зачува електрична енергија. Новиот пристап е базиран на сличен принцип како и тој кај соларните електрични централи“, објаснува Иво Алкснит – хемичар во Лабораторијата за соларна технологија при институтот Paul Scherrer.

Solar-Thermal_Greens-MPs_BY_NC_ND[1]
Термален солар

Научниците од PSI (Paul Scherrer Institute)  и ETH Цирих развија процес кој ја користи соларната енергија за да загрее хемиски раствор на повеќе од 1000 степени Целзиусови, што пак предизвикува одредени хемиски процеси. Од ETH Цирих објаснуваат како работи:

„Кога ќе се подложи на многу високи температури над 1500 степени, цериум оксидот губи дел од атомите на кислород. На пониски температури, овој редуциран материјал има тенденција одново да ги надоместува загубените кислородни атоми. Ако кон таквата активна површина бидат насочени молекули на вода и јаглероден диоксид, тие ослободуваат кислородни атоми. Водата (H²O) станува водород (H²), а јаглеродниот диоксид (CO²) се претвора во јаглероден моноксид (CO), додека цериумот се реоксидизира и поставува услови за повторно отпочнување на циклусот, одново и одново“.

Ова истражување е само првиот чекор кон ваквата нова технологија. За оживување на овој процес на конверзија ќе биде потребна голема инвестиција и посебна „солар – во течно гориво“ централа.

Ако ви се читаат детали, тука.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ