Петте најимпресивни воени машини во историјата

Војните се веројатно без конкуренција најцрната дамка врз човештвото, но од друга страна, воената иновација изроди некои од најголемите технолошки напредоци (ако сите тие средства и напори ги вложевме во нешто попаметно, ќе имавме и поголеми).

Гледајќи назад низ историјата и документираните конфликти, постојат пар машини чија инженерска софистицираност е толку неверојатна, што и ден денес некои од нив се сметаат за најимпресивните машини што некогаш биле изградени.

LCAC[1]

LCAC означува „landing craft air cushion“ , т.е. возила што лебдат. Овие машини во суштина се милитализирани возила што со леснотија се движат на вода и на земја, а се користат за пренос на трупи или други помали воени возила. Zubr класата е од руско производство, првпат во употреба влезе во 1988. Оваа класа е најголема во целиот свет – Zubr тежи 621 тон и носи до 150 тона товар. Може да помине и до 480 километри, а може да биде и пренесувана во поголеми бродови, на поголеми дистанци.

Командниот брод „Урал“

ural

Го разви Советскиот Сојуз некаде пред крајот на Студената војна, кога Урал служеше како командна централа за целата советска поморска флота. Лансиран во 1989-тата, бродот беше долг 265 метри, а тежок 36.000 тони (горе-долу колку помал носач на авиони). Работеше на погон од два нуклеарни реактора и беше способен да ја мониторира целата пацифичка советска флота дури и од пристаништето. Заради импресивната големина, бродот можеше да биде стациониран единствено на пловно пристаниште оддалечено од брегот, со тоа што залихите му беа носени со помали бродови. Во пензија отиде во 2001, но сé уште важи за едно од најголемите поморски достигнувања на сите времиња.

Хелеполисот од Родос

Helepolis[1]

Во опсадата на Саламис (во Четвртата македонска граѓанска војна) во Кипар во 306 п.н.е., беше вклучена и најголемата опсадна кула изградена од било која цивилизација. Наречена Хелеполис, оваа мобилна кула (движена од луѓе) можела да носи и до 3.400 војници подготвени за напад. Ја измислил Полиид од Тесалија (Тесалиски) – воениот инженер на Филип II. Била висока нешто повеќе од 39.5 метри, а широка скоро 20. Се движела (бавно) на 2 сета од по 4 тркала. На почетокот работела одлично, но била повлечена од битката откако биле оштетени железните штитови на предниот дел.

Gustav Gun

tenj[1]

Создаден од нацистите во Втората светска војна, железничкиот топ „Густав“ (Schwerer Gustav) имаше задача да го уништи долгиот ѕид на француските тврдини долж германската граница. Тоа е најголемиот „пиштол“ некогаш изграден, за чии потреби и позиционирање беше изградена посебна железничка пруга. Тежок 1344 тони, за функционирање на топот бил потребен екипаж од 500 луѓе. Топот можел да погоди мети оддалечени и до 47 километри. „Густав“ одигра голема улога во опсадата на Севастопол, но подоцна американската армија извојува решавачка победа и го зароби.

R-7 Semyorka ICBM

international-ballistic-missile[1]

Првиот интерконтинентален балистички проектил во светот го направи Советскиот сојуз за време на Студената војна. Прв пат беше имплементиран во 1959 година, а Семјорка беа импресивен дострел во технологијата на проектили. Иако беше хај-тек, на проектилот му беа потребни 24 часа подготовка пред евентуалното лансирање, и не можеше да биде постојано вклучен. Криогениот систем на гориво значеше дека може да остане активен само неколку часа. И покрај тоа, R-7 послужи како ефикасна алатка за заплашување на противниците во Студената војна, приморувајќи ги САД да создадат свои интерконтинентални проектили и технологии.

- Реклама -