Смартфоните не ги прават децата попаметни

kids_tech_thumb[1]

Една третина од бебињата „користат“ смартфон пред да научат да одат или да зборуваат. Некако интуитивно, многу од родителите очекуваат контактот и играта со СМАРТфоните и модерните технологии да ги направи нивните 3-годишни деца попаметни. Но, раниот судир со технологијата, колку и да е таа „смарт“, може да биде и штетен по интелигенцијата (меѓу другото), предупредува Live Science. 

Резултатите од новото истражување го покажуваат токму спротивното од очекувањата на родителите – децата кои играат неедукативни игри на паметните телефони и таблети, добиваат пониски резултати на усните тестови дури и во споредба со оние кои ги користат компјутерите и смарт-гаџетите за намени од типот на гледање на образовни програми.

„Утврдивме дека играчката број еден, која родителите им ја даваат на своите деца – е смартфонот”, вели д-р Рут Миланик од Медицинскиот центар за деца „Коен“ во Њујорк. „Всушност е застрашувачко како родителите ги заменуваат книгите и обичните бебешки играчки со паметните телефони“.

Паралелно со ова, Американската педијатриска академија објави дека не препорачува на деца под 2 години да им се даваат електронски гаџети. Прво, бидејќи можат да имаат негативен ефект врз развојот на децата, а второ, затоа што нема докази за нивната евентуална едукативна корист.

„Технологијата никогаш нема да ја замени комуникацијата помеѓу родител и дете. Најдобар начин да го стимулирате учењето кај едно дете е едноставно да разговарате со него“, категорична е д-р Миланик.

- Реклама -