Ford Model E му контрира на Tesla Model 3

Кога пред две години Ford  ги задржа правата на индексот „E“ за евентуалниот иден електромобил, шефот на Tesla Илон Маск го обвини Синиот овал дека го лишил од можноста да  го формира зборот SEX со имињата на трите модели.

a9662b1f-d227-4cc6-89f8-3a871fbeae1d_790[1]

Но,  во Детроит, сепак очигледно имале сосема сериозни намери да ја користат вредната буква, а не само да им опонираат на помладите колеги од Калифорнија. Последните гласини од Дирборн велат дека Ford има намера „да удри по прстите на Tesla“ со целосен конкурент на Model 3, кој ќе го носи името – Model E. Автомобилот ќе биде подготвен во 2018 година и ќе се нуди во две верзии.

Хибридната опција ќе се бори за купувачи на Toyota Prius и Hyundai Ioniq, а целосно електричната верзија ќе се појави на пазарот, речиси истовремено со идната достапна Tesla. По непотврдени информации Model E ќе може да поминува барем 300 километри со едно полнење на батериите.

9a0d5162-e4c7-4301-aed5-28d61ab90250[1]

Глобалните производи отсекогаш биле цел на Ford и новиот автомобил на струја нема да прави исклучок. Тој најверојатно ќе биде електрични еквивалент на Mondeo и ќе се залага на атрактивен сооднос помеѓу цената и корисничките квалитети.

Автоплус

- Реклама -