Индонезија им забрани на полицајците и војниците да играат Pokemon Go

СПОДЕЛЕТЕ

pokemon_go[1]

Индонезиските власти ич не се воодушевени што припадниците на нивната полиција и армија играат Pokemon Go додека се на работно место. Ситуацијата е толку лоша што решија да им стегнат забрана.

Според Министерството за одбрана на Индонезија, ваквата одлука е донесена затоа што играта претставува „закана за безбедноста“.

Pokemon Go сé уште не е легално достапна во Индонезија, но сеедно, сé повеќе се луѓето кои илегално ја „симнуваат“ апликацијата и се впуштаат во потера по замислените цртани суштества.

Највисоките претставници на власта се загрижени; некои сугерираат дека Pokemon Go би можела да помогне и во евентуални шпионски активности:

„Шпионажата  може да се извршува во различни форми“, вели министерот за одбрана – Ријамизард Ријакуду.

Затоа војската најави дека ќе им забрани на сите свои припадници да играат Pokemon Go додека се на служба. Демек тоа ќе ги спречи.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ