Ода за кокошките

СПОДЕЛЕТЕ

Chic-Chicks-©Dan-Bannino-Little-ones3-Fluffy

Ден Банино сака луѓето да размислат двапати пред да купат пилешко во локалните маркети. Смета дека тоа ќе го постигне преку „трансформација“ на кокошките во поп икони од ’80-тите и преку гламурозни фотки од истите.

Chic-Chicks-©Dan-Bannino-ElvisPriscilla

Како и многу идеи на денешницата, Банино ја добил неговата од интернет, кога прочитал за еден необичен вид на кокошки наречен „Падуанска кокошка“. Ова е древен вид (се смета дека потекнуваат од Италија) кој се карактеризира со особено изразени пердуви на главата, кои прават кокошките да наликуваат на судии од 18-от век.

Chic-Chicks-©Dan-Bannino-Andrea-Pozzato

„Се заљубив во нив“, вели Банино, чија цел со проектот е на забавен начин, не да ги осуди тие што јадат месо, туку да нé потсети дека исхраната е толку индустријализирана, што веќе не ги гледаме животните во нивните природни форми, во кои дури и кокошките се убави и имаат некакво достоинство.

Chic-Chicks-©Dan-Bannino-Role-model- Chic-Chicks-©Dan-Bannino-TysonChick-Norris

chic

db06114342228e47e574faa39769541fdb5b7be8_860[1]

chic2

tumblr_o7q7b8viXL1qgqa6jo1_500[1]

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ