Емоциите на вистинските фанови

Страсното спортско навивање е тешко сфатливо за многу луѓе. Како може еден спортски натпревар да направи навидум нормални луѓе да стигнат во моменти на екстаза, напади на бес или неколкунеделна пост-губитничка депресија? А сепак, за многу други, ирационалната воздигнатост и агонија што ги носи спортот, иако енигматична, е многу реална.

Sivan – на израелскиот режисер Зохар Елефант (не, не е лош превод, Елефант си се презива човекот), ги става фановите под детална инспекција, овековечувајќи го емоционалниот вулкан што еруптира од заколнатите фанови на Хапоел од Тел Авив.

- Реклама -