Жената чиј тостер беше опседнат од Сатаната

СПОДЕЛЕТЕ

satantoastBIG_465_342_int[1]

Телевизијата отсекогаш си била во искрена љубов со глупавиот дел од публиката и отсекогаш се трудела да го нахрани неговиот површен апетит за шок и забава. Супер пример е следново видео од NBC од мај 1984 година, кога во The Today Show одеше прилог за жената чиј тостер е опседнат од Сатаната. Дури не беше ни заебанција, макар што водителот на крај не издржа да не се насмее.

Кога женава го презентира прегореното лепче со испишано „Сатаната живее“, „Ричард“ на кого му се обраќа зад камерата, го продолжува муабетот без доза скептицизам. Истиот тој Ричард е типот што подоцна стана продуцент на шоуто на Џери Спрингер – информација што нема ама баш никој да изненади.

Во „Good Night, and Good Luck“ (во режија на Џорџ Клуни), новинарот Едвард Мароу за телевизијата ќе рече:

„Овој инструмент може да едуцира, може да просветлува – и да, дури може и да инспирира. Но, тоа може да го направи само до таа мера колку што луѓето се решени да го користат за таа цел. Во спротивно, тој (телевизорот) е само жици и светла во кутија. Добра ноќ, и со среќа“.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ