И официјално: Новата Porsche Panamera (видео)

СПОДЕЛЕТЕ

Како што беше најавено веќе подолго време, новата генерација на Porsche Panamera беше и официјално претставена на посебна презентација во Германија.

popup_689_Porsche-Panamera-2017[1]

За почеток Германците имаат подготвено три верзии: Panamera Turbo, Panamera 4S и Panamera 4S Diesel. Должината на новата Panamera е 5.049 mm, широчината 1.937, висината 1.423, а меѓуоскиното растојание изнесува  2.950 mm . Капацитетот на багажникот 495 литри. Panamera 4S и 4 Diesel стандардно доаѓаат со алуминиумски тркала од 19 инчи, а кај Panamera Turbo со 20 инчи (по избор и 21-инчни). Треба да се напомене дека како опција се нуди систем за сопирање Porsche Ceramic Composite Brake (PCCB).

popup_580_Porsche-Panamera-2017-2[1]

Panamera Turbo располага со 4.0-литарски V8 би-турбо мотор со моќност од 550 коњи и 770 Nm и забрзува до 100 km/h за 3,8 секунди. Максималната брзина е 306 km/h, додека просечната потрошувачка на гориво по фабрички податоци е 9,3 l/100 km. Panamera 4S е со 2,9-литарски шестцилиндерски бензински мотор со 440 коњски сили и 550 Nm. Забрзува од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди (со Launch Control за 4,2 секунди). Максималната брзина е 289 km/h, троши 8,1 l / 100 km по каталог. Panamera 4S Diesel е со 4.0 V8 дизел мотор со 422 коњи и 850 Nm вртежен момент. Тука забрзувањето од 0 до 100 km / h е за 4,5 секунди (4,3 секунди со Launch Control). Максималната брзина е 285 km/h, а потрошувачката е 6,7 l/ 100 km. И трите верзии се со погон на 4 тркала.

Погледнете ја официјалната промоција овде:



Автоплус

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ