5% од луѓето живеат во сините региони; 5% живеат и во црвениот

СПОДЕЛЕТЕ

5-percent-of-world-population-lives-in-blue-shaded-region-another-5-percent-in-red-region[1]

Еве една интересна мапа која ја доведува во перспектива густината на светското население. Во регионите обоени со сино, кои зафаќаат огромна површина од планетата, вкупно живеат 5% од глобалното население (според Wolrd Population Clock, во моментот на пишување на оваа реченица, има 7.433.003.724 на планетата), што е околу 371.65 милиони луѓе. Исто толку живеат и во регионот обоен со црвено. Останатите 90% се распоредени ширум територијата означена со бела боја. 

Патем, во моментот на пишување на оваа реченица, веќе има 7.433.004.379 луѓе на планетата. Ѕирнете го Wolrd Population Clock. Ќе добиете подобар увид со какво застрашувачко темпо се множиме.

- Реклама -