Хладно Пиво на Д Фестивал!

hp

Најпознатиот хрватски панк-рок состав и еден од најбараните балкански рок состави се вбројува меѓу повеќето регионални ѕвезди што ќе настапат на главната бина на шестото издание на Д Фестивал во Дојран од 15 до 17 јули.

Поради својот критичен став кон владејачкото уредување на општеството, тие во своето творештво често ги исмејуваат локалните општествени обичаи и вкоренетите норми на човечкото однесување. Во музичка смисла, за нив е карактеристичен едноставниот панк-рок стил којшто подоцна до одредена мера е ублажен со поприемчив рок звук.

Бендот има повеќе од 60 илјади продадени носачи на звук, имаат отсвирено голем број концерти во Хрватска, Словенија, БиХ, Србија, Македонија, Германија, имаат освоено повеќе награди како Порин, Златна кугла, Даворин итн. Собрани во загрепското предградие Гајница, првиот коцерт го имаат одржано во Кумровец на 21 мај 1988 година. Нивниот последен албум „Dani zatvorenih vrata“ го објавуваат самостојно за својата издавачка куќа „Гајба рекордс“, основана неодамна. На албумот се наоѓаат петнаесет песни, 51 минута музика за радост и тага или како што го опишува тоа легендарниот фронтмен на групата Миле Кекин: „Ќе биде составен од деведесет и девет отсто гитари, тапани, басови и вокали. А тој еден отсто се гостите на албумот, меѓу кои би ги издвоиле Томфа од Кавасаки 3П кој прописно нè навреди на една песна и Голуб од Гоблини кој своето парче го испеа од својот стан во Адис Абеба, Етиопија.

- Реклама -