За првпат: Ајкула снимена додека спие (видео)

СПОДЕЛЕТЕ

Сте виделе како спие голема бела ајкула? Досега немаа видено ни научниците. Сега, со помош на подводна камера, се чини дека ја снимија првата снимка од ајкула додека дремка. Оваа овде е фатена како плива покрај брегот на еден остров, следејќи ја брзата водна струја со отворена уста.

Пливајќи вака со значително помала брзина и со отворена уста, тоа им овозможува да ја искористат водната струја богата со кислород за да дишат, притоа штедејќи енергија потребна за денскиот лов. Ајкулите мораат да пливаат за да го исфилтрираат кислородот преку шкргите. Ако големата бела ајкула запре, ќе потоне на дното и ќе се задуши. Преку ден, големите бели ајкули пливаат длабоко и чекаат да налетаат на плен во водата над нив. Преку ноќ… па, да речеме дека се на автопилот.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ