Throttle/Brake епизода 17: Ford GT 2017 – Камбек на легендата во голем стил

Image-1

Пред 50 години, Ford и Shelby, водени од нивните амбиции да учествуваат во најпрестижната автомобилска трка во светот, 24 Hours of Le Mans, конструираат супер автомобил, Ford GT40. Автомобилот со ознака GT (Gran Touring), е дизајниран да победи на трките на големи дистанци, на кои Ferrari биле неприкосновени, со шест победи во низа од 1960-1965 година. Направени се четири верзии на овој автомобил со ознаки MK I, MK II и MK III, произведени во Велика Британија и MK IV, произведен во САД. Во 1966 година, Ford GT40 MK II, победува на трката 24 Hours of Le Mans, со што станува првиот автомобил од американско производство што победил на трката Le Mans, и воопшто во Европа. Апсолутна доминација. Ford GT40 ќе победува на Ле Ман од 1966 до 1969, и ќе стане првиот автомобил во историјата на трката, што ќе победи неколкупати со една иста шасија.

Автомобилот е наречен GT (Gran Touring, и 40, што ја означува висината на автомобилот која изнесувала неверојатни 40 инчи или 1.02 метри.

Image-2

Ford GT40 MK II

Техничките карактеристики на овој Ferrari killer се импресивни. Ќе се задржам на верзијата MK II со која Ford го скрши мразот на Ле Ман. Мотор со голема зафатнина, 7 литарски или по нивните мерни единици 427 кубни инчи, V8 со околу 490 коњски сили при 6200 вртежи во минута. Користени се и мотори со зафатнина од 4.2, 4.7 и 4.9 литри, секако во зависност од ситуацијата и потребите. Најмоќниот мотор бил вграден во MK II Superfomance, 7 литарски со неверојатни 560 коњски сили. Автомобилот достигнувал максимална брзина од 333 километри на час, во зависност од подесувањето на четири и пет степениот мануелен менувач. Ford GT40, 402 метри ги поминувал за 12 односно 11,2 секунди за Superfomance верзијата и достигнувал брзина од 209 и 217 километри на час. Масата на автомобилот изнесувала само 908 килограми. 

Цивилни верзии, односно легални автомобили биле направени вкупно 7, сите со ознака MK III. Подоцна, по завршувањето на тркачката кариера, многу од тркачките Ford GT40 автомобили биле легализирани, и станале сопственост на познати личности и колекционери. Во тој временски период, Gord GT40 имал апсолутна доминација во однос на конкурентите, не само на 24 Hours of Le Mans, туку и на многу други трки ширум светот. 

Image-3

Во 2003 година, Ford повторно го оживува GT40, преку Ford GT кој представувал еден вид сентиментална вредност, омаж на легендата од шеесеттите. Представени се три прототип автомобили, скоро идентични со автомобилот од 1966 година. Произведени се вкупно 4038 автомобили во период од 2004 до 2006 година. 

Image-4

Сериозен супер спортски автомобил со мотор поставен во средината и погон на задните тркала. Придвижуван од 5.4 литарски, V8 (Supercharged) мотор, со 550 коњски сили, менаџирани преку Ricardo шест степен мануелен менувач. Од нула до стотка забрзувал за 3,3 секунди, а достигнувал максимална брзина од 330 километри на час. Цената на овој автомобил започнувала од $160.000 па до вртоглави $550.000. За разлика од својот претходник, овој автомобил немал некоја голема популарност и успеси. Единствениот публицитет го имал благодарение на Џереми Кларксон, кој и самиот поседувал Ford GT.

Image-5

Година 2016. Историјата се повторува. По точно 50 години од големата победа на Ford GT40 на трката од 1966 24 Hours of Le Mans, нова голема победа на втората генерација Ford GT на 24 Hours of Le Mans. 19 Јуни, 2016 година, Ford GT повторно го победи Ferrari 488 GTE. Честитки. 

Image-6

Во 2015 година, на саемот во Детроит и на промоцијата на видео играта Forza Motorsport 6, беше прикажан Ford GT- втора генерација. Ултра модерен, футуристички супер автомобил, кој ќе има за цел да постави нови стандарди во сегментот на супер автомобили. 

Image-7

Ќе започнам од шасијата и дизајнот. Ford GT изгледа како да е дизајниран во воздушен тунел. Ако треба да го опишам дизајнот на овој автомобил со еден збор, тоа ќе биде зборот порно. Микс од футуристички, функционални и ретро елементи. Ако погледнеме во предниот дел и задните светла, ќе забележиме сличност со Ford GT40. Средишниот  дел е приказна сама за себе. Ултра модерен, футуристички дизајн на супер автомобил, со многу отвори, остри линии и засекувања, кои го прават Ford GT да изгледа неверојатно егзотично. Од фабриката тврдат дека овој автомобил ќе има сооднос на моќ и тежина подобар од било кој друг сериски супер автомобил. Станува збор за вистински хај тек автомобил, шасија и тркала од карбон фибер, и стакла изработени од Gorilla Glass, кои имаат поголема цврстина и пониска маса. Активна тркачки ориентирана суспензија и карбон-керамички Brembo сопирачки. Ford GT, благодарение на дизајнот има и активна аеродинамика, со активно задно крило. 

Image-8

Моторот кој ќе го придвижува овој автомобил е 3.5 литарски EcoBoost, V6 засилен со твин турбо, кој би требало да произведува 600+ коњски сили, и многу Nm. Сега за сега, перформансите се чуваат во тајност. Знаејќи дека од Ford се стремат да бидат брзи во свиоците, мојата претпоставка е максимална брзина од 320 до 330 километри на час, забрзување од 0-100 за околу 3 секунди, и добро време на Нурбургринг. Цената на Ford GT ќе биде околу $400.000, ќе бидат произведени само 400 автомобили и само одредени кандидати ќе имаат среќа да го поседуваат. Зошто велам кандидати? Во светот кружат приказни, се прави мит околу тоа како да се стане Ford GT сопственик. Некои услови се разумни и коректни, но некои се чиста глупост. Во оваа прилика ќе одвојам дел од нив: Ако сакате да поседувате Ford GT, автомобилот мора да биде возен, односно ќе биде наменет за возачи, а не за колекционери; Кандидатот мора да има сериозна активност или популарност на социјалните мрежи; Голема историја со Ford автомобили, на пример 30 Focus, 10 Mustang, 5 Raptor; Историја на Вашата гаража, односно автомобили кои ги поседувате или сте ги поседувале; Видео во кое треба да образложите зошто мислите дека треба да поседувате Ford GT; и т.н. Едно е јасно. Овој автомобил е историја. Овој автомобил е големиот победник на Le Mans. Ford GT ги победи Ferrari, Lamborghini, Mclaren. Ford GT ќе биде многу брз. Ford GT е преубав. Сега кога и официјално Dodge Viper заминува во легендите, Ford GT е “последниот” супер автомобил од Америка.

Image-9Image-10 Image-11 Image-12

Брацо Моралиќ
Брацо Моралиќ
- Реклама -