Фејкерот од Аушвиц

СПОДЕЛЕТЕ

hirt-520x356[1]

Џозеф Хирт од Адамстаун во Пенсилванија, со години и години шетал по американските школи и пред секаква публика раскажувал за хорорите кои ги преживеал во концентрациониот логор Аушвиц.

„Се сметам себеси за историја на две нозе“, ќе рече.

Малото проблемченце во неговата приказна е тоа што 91-годишниот Хирт никогаш не бил во Аушвиц.

И покрај тоа што неговите приказни биле моќни и трогателни, Хирт призна дека сé тоа било лага. Минатата недела до медиумите испрати писмо со извинување, во кое објаснува дека никогаш не бил заробеник во логорот во кој заробеници беа повеќе од милион луѓе.

Пишувам денес за јавно да се извинам за штетата што им ја причинив на другите со своите описи на животот во Аушвиц. Не бев заробен во тој логор. Лажните тврдења дека сум бил во логорот не беа со намера да ја намалам важноста или да фрлам сенка врз страшните настани кои навистина се случиле таму“, напиша во писмото.

Неговото признание е помалку резултат на совест, отколку на тоа што пред неколку недели, неговата приказна побуди сомнежи кај историчарот Ендрју Рајд од Њујорк. Тој, со неколку свои студенти, присуствувале на еден од говорите на Хирт, кога професорот сфатил дека некои од наводите не одговараат на вистината. По деталното истражување, испрати и писмо во медиумите, во кое и јавно го обвини Хирт дека изнесува невистинити наводи.

Хирт прво му се извинил на Рајд, а овој го наговорил тоа да го направи и јавно. Во своја одбрана, лажгото наведува дека сакал да го спречи заборавот на холокаустот и особено на животната приказна на еден од затворениците – Примо Леви. Лагите почнуваат откако Хирт ги прочитал неговите мемоари, од кои бил толку трогнат што дури и го истетовирал затвореничкиот број на Леви на раката – 174517, по неговото самоубиство во 1987 година.

„На тој начин сакав да му оддадам почит, а тетоважата воедно ми послужи и како потсетник на тоа колкаво влијание тој човек изврши врз мојот живот. Немав желба да го украдам неговиот идентитет – тоа е едноставно начин на кој изразувам жалење за тој човек“, се правдаше Хирт.

„Ве молам да ми простите, ако чувствувате дека можете. Заборавете ме, ако не можете и сметате дека така треба. Ама секогаш во мислите носете го сеќавањето на холокаустот“, завршува Хирт.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ