Хомосексуалците не се кукавици

СПОДЕЛЕТЕ

tumblr_inline_nrsitdV0cR1t2upif_500[1]

Во својот познат сегмент The Gray Zone, Примо Леви напиша дека „една Ана Франк нé погодува повеќе отколку безбројот други што страдаа…“, во конкретниот случај алудирајќи на холокаустот на Евреите во Втора светска војна. И во право е; ние како луѓе повеќе сме наклонети да се соживуваме со приказната на една фигура со која можеме да сочувствуваме, отколку со бескрајни статистики што се премногу големи за нашиот ум да може да ги доведе во перспектива. Една индивидуална приказна често е попоентална од соодветниот колективен наратив.

Приказните за индивидуално херојство од Втората светска војна се нешто што сé уште, дури и 70 години подоцна, нé погодува. Таква е и таа на Вилем Арондеус, партизан од редовите на холандскиот отпор.

По германската инвазија во мај 1940-та, и поставувањето на Артур Сејс-Инкварт како рајхкомесар на Холандија, Германците почнаа да ги сегрегираат и депортираат 140.000-те Евреи меѓу холандското население. Холанѓаните, познати како врвни бирократи, имаа национални архиви со имињата и адресите на речиси сите Евреи што живееја во рамките на земјата. Тие самите го знаеја тоа и не планираа да им овозможат на нацистите лесен пристап до животите на нивните соседи и пријатели. Холандскиот отпор беше особено посветен на тоа да ги заштити Евреите, со оглед дека и самиот се изроди од ѕверствата што нацистите им ги правеа на Евреите. Арондеус – сликарот што отворено се декларираше како хомосексуалец, стана еден од најистакнатите нивни членови.

Пред војната, Арондеус работеше во Холандија како автор и уметник, макар што одвај да беше познат. Летото 1941, скоро една година по германската окупација, тој почна да работи за холандскиот отпор, кога со здружени сили започнаа да издаваат списание кое требаше да го разгори гневот меѓу интелектуалците и креаторите на јавното мислење, и кое промовираше борба против нацистите од национален размер.

arondeus

Но, кога во раната 1943 Германците дознаа за лажните фабрификувани документи што Холанѓаните им ги доделуваа на Евреите во обид да ги спасат од депортација и смрт, состојбата ескалираше. Евреите сега беа во многу полоша ситуација од порано, возовите кон исток беа сé почести, а списанието веќе не беше доволно. Мораше да се преземе нешто порадикално.

На 27 март 1943, Арондеус и група членови на отпорот, испланираа coup de grace – акција со која ќе кулминира лошата состојба во Холандија. За да ги заштити холандските Евреи, Арондеус го бомбардираше Амстердамскиот народен архив, кој сега го чуваа нацистите) и ѝм оневозможи на германските интел служби да се докачат до адресите и локациите на Евреите. По помалку од една недела, Гестапо го уапси Арондеус и го застана пред стрелачки вод. Пред да испукаат, Вилем извика: „Нека се знае! Хомосексуалците не се кукавици!“.

tumblr_inline_nrsix9ASnF1t2upif_500[1]
 Меморијална плоча во чест на Арондеус во Холандија.
- Реклама -