Новото „куче“ на Boston Dynamics

СПОДЕЛЕТЕ

boston-dynamis-spotmini[1]

Boston Dynamics веќе некое време е лидер во роботиката и не престанува да изненадува. Сега го претставија нивниот нов робот, наречен SpotMini, со што поминаа на следно ниво. Компанијата, која сега ја поседува Гугл, креираше неколку хуманоидни, како и неколку четириножни роботи, но SpotMini е замислен да биде тој што ќе ви помага низ куќи (или ќе ви биде најголем кошмар). Тој работи на електрични мотори, за разлика од типичните хидраулични клипови на Boston Dynamics во претходните роботи, со цел да се заштеди на простор со оглед на тоа дека SpotMini е прилично помал.

Со тежина од помалку од 30 килограми, овој е полесен од многу кучиња. Со едно полнење на батеријата може да работи 90 минути, нон-стоп, што е мошне импресивно за ваков робот. Којзнае, во иднина можеби околу нас ќе трчаат вакви кучиња, или можеби ќе станат работниците што ќе нé заменат во иднина. Како и да е, Boston Dynamics продолжува да ги пробива иновационите граници во сферата на роботиката.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ