Боливија: Среќна нова 5524-та

СПОДЕЛЕТЕ

bolivija[1]

За време на прославата на Новата година на Ајмарите (староседелски народ во Јужна Америка) на 21 јуни, претседалот Ево Моралес предложи неговата земја да го исфрли грегоријанскиот календар од употреба и да му се врати на календарот кој го користеа нивните претци.

Моралес рече дека грегоријанскиот календар е „неуреден“, па предложи враќање на календарот што го користат Ајмарите, како чекор кон обнова на идентитетот.

Ова не е ни прв пат боливиската влада да предложи промена во начинот на мерење на времето. Пред две години, бројките на часовникот на фасадата на Конгресот во Ла Паз беа превртени наопаку. Владата го нарече „часовник на југот“.

Според Моралес, календарот на Ајмарите – кој има 13 месеци, а секој од нив по 28 дена – е многу поуреден. Во тој календар 21 е означен како „нулти ден“ со кој почнува новата година. На 21 јуни годинава, Ајмарите го прославија доаѓањето на 5542 година. Пред 6 години, претседателот на Боливија го прогласи 21 јуни за национален празник.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ