Олимписката лента Kinesio – фунцкионира ли и дали треба да се забрани?

СПОДЕЛЕТЕ

Ако гледавте кој било од олимписките настани на тукушто завршените Игри во Лондон, сигурно забележавте бројни спортисти излепени со разнобојни ленти. Која е нивната намена? Дали функционираат? Можеби треба да се забранат?

Според производителот, Kinesio, овие ленти се „дизајнирани да го потпомогнат природниот процес на заздравување на телото, притоа обезбедувајќи потпора и стабилност за мускулите и зглобовите, без да го ограничат опсегот на движење“. Но, истражувањата на овој производ покажале дека не постојат докази во насока на делотворноста на лентата. Многу веројатно, се работи за плацебо ефект.

Плацебо ефектот е многу моќна алатка, особено во светот на спортот, бидејќи безброј пати до сега се покажало и докажало дека тоа ги подобрува перформансите на спортистите, затоа што им дава дополнителна самодоверба. Според тоа, дали треба овие ленти да бидат ставени во ист кош со средствата за допинг и нивната употреба да се забрани?

Светската анти-допинг агенција наведува три услови потребни за некоја супстанца да се најде на листата на забранети во спортот:

  • Претставува потенцијален или докажан ризик за здравјето;
  • Има потенцијал да ги зголеми или докажано ги зголемува перформансите;
  • Го нарушува спортскиот дух.

Во случајот со лентата на Kinesio, би можеле да се применат втората и третата точка. Плацебо ефектот би можел да ги зголеми перформансите, а доколку спортистите се убедени во тоа, тогаш сето ова оди во спротивност со духот на спортот. Но, од друга страна, спортистите веруваат во многу нешта: одење во веце пред настап, удирање шлаканици пред почетокот, спиење во истите шорцеви со недели, итн. А, би било навистина будалесто доколку се забранат сите чудни нешта во светот на спортот.

- Реклама -