Хемијата во уникатната керамика на Кевин Ковалски

СПОДЕЛЕТЕ

KevinKowalski1[1]

Керамичарот Кевин Ковалски создава извонредни декорации за своите глинени изработки, користејќи специјална грнчарска техника наречена mocha дифузија, која се базира на хемиски реакции. Поточно, влажната глина се декорира со специјално подготвена киселинска течност, која реагира со површината на неочекувани начини – една капка, одеднаш добива органска шара налик на разгрането дрво, што визуелно изгледа како фрактура на инаку мазната надворешност.

Прво на влажната глина ѝ се додава дебел слој, врз кој се нанесува мешавината од боја и киселина (наречена „tea“). Традиционално, tea-та се прави со вриење на листови од тутун, што потоа се мешаат со вода и колорант. Оваа ликвидна комбинација е таа што ги формира шарите, а ако се направи како што треба, тие се формираат брзо и природно – киселината нагризува пат по кој се движи tea-та. Резултатите се намерни, но секогаш непредвидливи и уникатни шари.

KevinKowalski2[1]

- Реклама -