Зошто луѓето имаат внатрешна потреба да трипаат

tripping

Да се објасни употребата на дрогите како хероинот и кокаинот е лесно – тие директно ги стимулираат мозочните центри за награда. Потешко е да се објасни привлечноста на психоделичните дроги како ЛСД-то и псилобицинот, кои создаваат алтернирани состојби на свеста. Во крајна сметка, не постои очигледна причина за тоа зошто невообичаени шеми на мислата и перцепцијата – кои типично се симптоми на труење или на болест – би биле привлечни. А сепак, луѓето не само што плаќаат за вакви искуства, туку дури и ризикуваат да бидат затворени, па и полошо. Зошто?

Еден од можните одговори е дека овие дроги овозможуваат кратенка кон религиозните и трансцедентални искуства, кои пак имале важна улога во човековата еволуција. Логиката зад оваа идеја станува појасна ако се погледне како религиозните идеи ја имаат оформено човековата култура.

Веќе некое време, антрополозите сугерираат дека религиозните луѓе се покооперативни отколку нерелигиозните. За малите групи, ефектот на религијата е занемарлив, па дури и негативен. Но, како што се зголемува групата, се чини дека религијата игра растечко важна улога во создавањето врски помеѓу непознатите. Всушност, некои експерти сугерираат дека појавата на првите градови-држави на Блискиот Исток пред околу 12.000 години, била овозможена токму заради верувањето во „Големи Богови“, кои наводно ја надгледувале сето човечко однесување и ги воделе човековите постапки.

Зошто религијата ги прави луѓето поспремни за соработка? Од една страна, верувањето дека постои морално засегнат, невидлив ентитет кој секогаш те гледа, ја смалува твојата тенденција да ги прекршиш правилата заради лична корист. Овој ефект е прилично моќен. Истражувањата покажуваат дека дури и тривијални нешта, како слика од пар очи на таканаречена „кутија на искреноста“ („плати колку што мислиш дека треба“ кутија), е доволно да направи луѓето да платат и до три пати повеќе за нивните пијачки. Ист ефект би имало и огледало во фрижидерот, додека си на диета.

Од друга страна, религијата ги спојува луѓето со реалност поголема од самите нив. Ова може да е општествената група во која припаѓаат, може да е животот по смртта, или дури и самиот универзум како целост. Оваа конекција е важна затоа што прави луѓето да се поподготвени за соработка кога резултатите од истата не се евидентни веднаш. Ако веруваш дека си едно со твоето племе, твојата црква или универзумот, полесно е да го прифатиш тоа другите да извлекуваат бенефит од твојата напорна работа.

Веројатно овој вториов аспект на религиозната соработка е тој што ја објаснува привлечноста на психоделичните дроги. Симулирајќи ги ефектите на религиозна трансцеденција, овие дроги ги имитираат состојбите на умот кои одиграле важна еволуциона улога во тоа да ги направат луѓето што е можно повеќе спремни на соработка – и со тоа придонела за поголем број на преживеани потомци.

Тоа не значи дека луѓето еволуирале да земаат психоделични дроги. Но значи дека психоделичните дроги можат да бидат објаснети во еволуциона смисла како „хак“ што овозможува трансцедентните состојби да бидат достигнати „по брза постапка“.

lsd

Правните системи не можат да ја сменат човековата природа

Ако сето ова е точно, што се импликациите? Едната е што употребата на психоделичните дроги во принцип не е многу поразлична од молењето, постењето, медитацијата и други слични чинови кои религиите отсекогаш ги користеле за да предизвикаат алтернирани состојби на свеста. Некои ќе се побунат, со аргумент дека при земањето на вакви дроги е исклучена потребата од спиритуалната дисциплина која е инволвирана во горенаведените религиозни процедури. Да, тоа е точно, но истото се случува и кога човек купува кола – целосно е исклучена практичната дисциплина неопходна при градењето на моторот со внатрешно согорување, од нула. А сепак, ете, купуваме коли. Во секој случај, постојат многу религии што користат психоактивни супстанци во нивните церемонии.

Втората импликација би била дека психоделичните дроги можат да имаат позитивна улога во подобрување на менталното здравје. Веќе е добро познато, на пример, дека овие дроги најчесто имаат позитивен ефект врз депресивните или неизлечиво болните. Иако тоа не е гаранција дека таквите резултати би се покажале како корисни кај секого, сепак се наметнува како основа за размислување во насока дека има дел од човековата популација кај кој психоделичните дроги можат да продуцираат корисни ефекти.

Забранувањето на психоделичните дроги веројатно е контрапродуктивно. Како што забрана на сексот не би ја запрела сексуалната желба, така и нелегалноста на психоделичните дроги не прави баш ништо за да ја спречи внатрешната потреба од трансцедентни искуства. Веројатно идеалниот легален пристап би бил таков што би создал рамка во која на луѓето им е дозволено да користат психоделични дроги, истовремено минимизирајќи ги штетите.

Како и да е, едно е факт: ниту еден легален систем досега не бил успешен во тоа да ја смени човечката природа. Ако психоделичните дроги се дел од неа, и нивната забрана нема да се покаже многу поразлично.

- Реклама -