НЕДЕЛНИ СПРДАЧИНИ- 1 ДЕЛ

СПОДЕЛЕТЕ

27483Шарените го одржаа последниот свој протест и го свртеа својот последен круг низ градов. Поставија ултиматум пред повторно да тргнат у покрет со ваљаците и кантите боја. У меѓувреме, партиските елити преговараат. Преговараат тајно, додека ние јавно јадеме вафли. Тешко дека народов овде ќе се измкне од канџите на двете моќни партиски елити! Ни преостанува да си мрчиме јавно и да чекаме термин некој да го слушне гласот на обичниот. На оној кој нема штаб као духовна водилка во животот. Ние тоа го правиме јавно! Додека вие тајно преговарате и тајно му ја ебававте мајката на градов. Со сечење паркови и садење бетон у 3 сабајле!!!

Картонски или куртонски институции? Жалосна е перцепцијата за чување на својата земја во Македонија! Едни ги колнат оние со ваљаците како и ја ебаваат мајката на својата татковина а па оние другите, не го ставија прстот на тиквата како сите институции во државава добија шарени нијанси, освен царскиот дворец. Царскиот дворец,оној партиски штаб со дива тераса, е последниот бастион кој се чува во државичево. Полицајците се декор пред мртвите институции. Ниту реагираат ниту па некој ги трга од срамниот кордон врз кого паѓаат бои и пцовки. Државата прета само пред партискиот штаб на портокаловите. Злобниците ја нарекуваат земјава дека била партиска. Еве не знам. Се покакавме сите колективно пред државотворноста. Исто ко и Жерно со терасата нивна. Мукла бе таму, и терајте го циркузов подискретно. Веќе ни доаѓаат контракции у желудникот од овие матења матна вода….

Нашата кошаркарска репрезентација се спрема за турнир во далечната Кина. Новото раководство реши во тимот на бидат вклучени Амери и некои Срби на кои им пропаднала кариерата. Репрезентацијава ни стана депонија и собиралиште на второлигашки српски играчи и колеџ фацки кои треба да се пробијат на европскиот пазар. Пред многу години ја погребав во срцево фудбалската репрезентација. Па се гордеев на кошаркарите и ракометарите. Кошаркарите се клинички мртви и чекаме само абер дека ги нема.Ракометарите? И тие заоѓаат на хоризонтот. Таму барем животара надежта преку младите селекции,кои се активни на првенствата. Кошаркарите наши нема да мрднат од пепелта уште долго. Знаете колку срспки кошаркарки играат во нашата прва лига? 44!!! Македонци играат околу 30. Втора српска лига не може да биде рудник на црпење македонски таленти. Ебете се и МЗТ и Карпош Соколи и Куманово и Кожув и Фени! Работнички остана на браникот како единствен македонски тим во Македонија. Таму играат наши деца. Во другите, ги греат клупите за оние пропаднати играчи кои ни ги шиткаат ко интернационалци.

Нашиот екс-премиер се појави пред судот. Неговите медиуми не почестија со бурлески за настанот ко да го искачил Монт Еверест. Нашите институции го малтретираат нашиот екс премиер. Тој немало ниту да ја напушти државата ниту па да не се појавува на судење. Треба да му веруваме на зборот , затоа што он никогаш до сега нема излажано. Судските мерки за оние партизани од Левица беа изречени затоа што нив судот не им верува дека ќе бидат мирни. Не им верува судот и на стотици други кои скапаа по судовите и притворите. На екс премиерот треба да му се верува. Смешно е и самото негово појавување таму. Од таа институција секако ќе излезе невин и изтормозен. Па нови тужби за душевна болка, па нова лекција за соросоидите и предавниците. Е вие има да го јадете стапот батки! Вие сте криви таму уште пред да влезете. Ако имате ксмет да ви одредат домашен притвор. Оној другион по дифолт ви следи ако не ја одобрувате нивната партиска програма и скокате врз неа као секташи!

Почна европското у Франција. Као за сеир фаќање, почна добро. Таму не летаа дронови, али летаа колбасици и сланина по џамиите у сред пост на муслиманите. Кога тоа го праат господата Европјани, тоа е патриотизам. Кога тоа се прави на Балканот,тоа е национализам. Локалните Галски петли се покажаа нетолерантни кон пијаните Енглези. Русите по обичај се покажаа и као пијачи и као тепачи. УЕФА се покажа као што се покажува увек. Удри со стапот по Русите. Енглезите и Французите се Енглези и Французи. Да беа Хрвати, Срби, Турци, ќе ги депортираа со првиот чартер и ќе добиеа драконска казна. Ете. И во таа мочана Европа, важат двојните судски аршини. Да не се курчат овде патриотите дека само ним им се може де….

-ПЕЦКО СИ ЗАМИНА, НАМ ЌЕ НИ ОСТАНЕ САТИРАТА И КАРИКАТУРАТА ВО КОЈА СЕКОЈДЕНВНО ЖИВЕЕМЕ!!!
ПОЧИВАЈ ВО МИР, ПЕЦКО!

СПОДЕЛЕТЕ