Порно ѕвездите во политиката

Чичолина (La Cicciolina)

Ја сметаат за „мајка на сите порно политичари“. Ана Илона Сталер беше кандидат за Lista del Sole (италијанската зелена партија) во 1970-тите, а потоа и за радикалната партија во 80-тите, каде што Чичолина беше поборник против НАТО, против употреба на нуклеарна енергија и се залагаше за човекови права. Во 1987 ја избраа во италијанскиот парламент, каде што славно ги покажа градите. Ја продолжи порно кариерата и додека беше пратеник, а дури и се понуди да има секс со Садам Хусеин, за да обезбеди мир. Во 1991 ја основа „Партијата на љубовта“ (Partito Dell’Amore). Во овој век се обиде да стигне до функција и во родната Унгарија, но не успеа да ги собере потребните потписи. Се пријави и на локални избори во Монца, а размислуваше да се кандидира и за градоначалник на Милано. Во 2002-та пак му понуди секс на Садам, а во 2006-тата и на Осама Бин Ланден. Во 2012 ја основа Партијата за демократија, природа и љубов, која меѓу другото се залага и за легализирање на истполовите бракови, реотварање на поранешни бордели, воспоствавување на минимален приход за младите луѓе, обезбедување на функционален судски систем и крај на привилегиите на богатата италијанска „каста“.

Politics1

La-Cicciolina-cover

Моана Пози (Moana Pozzi)

Беше коосновач на Партијата на љубовта заедно со Чичолина, но почина неколку години подоцна.

Moana-Pozzi

3-il-partito-dellamore

Мили Д’Абрачио (Milly D’Abbraccio)

manifesto-elettorale-milly-d-abbraccio

Емилиа Кучиниело (вистинското име) беше кандидат на социјалистичката партија во Рим на парламентарните избори во 2008 година, па беше кандидат за градоначалник на Монца. Имаше прилично популарна афера со истакнатиот политичар Вирорио Сгарби.

Мими Мијаги (Mimi Miyagi)

mimi-for-Governor

Позната по нејзината хуманитарна работа преку океанот, вклучувајќи го и Црвениот Крст, Мелоди Дамајо се кандидираше под вистинското име како републикански кандидат за гувернер на Невада во 2006-тата. Откако изгуби во првиот круг, ѝ се приклучи на Либертаријанската партија.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Politics4

Мари Кери (Mary Carey)

Mary-Carey

Мари Елен Кук се кандидираше за гувернер на Калифорнија во 2003-та, при што се залагаше за воведување на данок на силиконските гради, за ослободување од данок на танцовите во скут и за „порно за оружје“ замена (предај го пиштолот, добиј порно). Заврши 10-та, од 135 кандидати, а потоа сними и филм базиран врз искуството во политиката, насловен „Run Mary Run“.

Во 2005-та се пријави како независен кандидат за заменик гувернер на Калифорнија, но се откажа од трката во октомври 2006-та, откако нејзината мајка скокна од зграда додека не беше на лекови. Се зборуваше и дека мари Кери ќе се кандидира на изборите за претседател во 2016-та.

Бруклин Ли (Brooklyn Lee)

Politics6

Предизвика мал скандал откако твитна слика од себе и Бил Клинтон на добротворен бал. Се опишува себеси како „повеќе на либералната страна на животот“. Го опиша Клинтот како „многу кул, многу сладок и многу секси“.

Сами Спејдс (Sammie Spades)

Politics7[1]

Спејдс стигна на насловните кога ги објави историските слики од неа со другиот познат Клинтон – Хилари. Се зборуваше дека работела како асистент на сенаторката откако се сретнале на еден банкет. Во тоа време, Сами „планираше да стане адвокат и потоа да влезе во јавната канцеларија“. Проблемите со парите ѝ ставија крај на нејзината амбиција, и означија почеток на нејзината порно кариера.

Сторми Даниелс (Stormy Daniels)

Кратката и несудена политичка кариера на Стефани Грегори Клифорд почна кога група фанови се обидоа да ја регрутираат да се пријави против компромитираниот републикански сенатор Дејвид Витер во Луизијана. Во 2010-та, се самопрогласи за републиканец и организираше „слушателски тури“ кои се фокусираа на економијата, жените во бизнисот и заштита на децата. Во текот на кампањата, наводно, нејзиниот кампањски менаџер беше жртва на автомобил-бомба. На крајот, Даниелс сепак истакна дека нема да се кандидира за Сенатот, бидејќи било многу скапо. Додаде и дека медиумите никогаш не ја сфатиле нејзината кандидатура сериозно.


Џена Џејмисон (Jenna Jameson)

jenna_jameson_ad_dutch300-PETA

Џена Мари Масоли се декларираше како либерален демократ и ги поддржуваше Организацијата за етички третман на животните – PETA, откако дозна за нехуманите пракси на одгледување на кокошки на ланецот за брза храна KFC. Џејмисон се потпре на своите квалитети за да ѝ помогне на организацијата – се сликаше гола во една од рекламите на PETA.

Џена ја поддржа Хилари Клинтон во 2008-та и рече дека сака да го види Ал Гор како претседател, бидејќи кога „републиканците се на власт, проблемот е што често ја ставаат на мета индустријата за возрасни“. Во 2012-та, таа сепак го поддржа Мит Ромни: „Кога си богат, нормално е да сакаш републиканец на власт“.

Мерилин Чемберс (Marilyn Chambers)

Ivory-Snow

Се кандидираше за заменик претседател на САД во 2004-та, за Партијата за личен избор, при што доби 946 гласови, а потоа истото го проба и во 2008-ма. Беше позната како „насмеаната мајка што гушка бебе“ на пакетите на сапунот Ivory Snow – идеална слика за политичар.

Сепак, кога се појави во порно филм со црнец, „Проктор и Гембл“ инстантно ја отфрли.

chambers

Politics9

- Реклама -