Како сексот го обликува женскиот газ

СПОДЕЛЕТЕ

girls-butt-walking[1]

Според експертизата на интернет, за време на сексот се лачат хормони што го менуваат женското тело. Среќа што на темата се прашани и вистински експерти.

Газот поминува низ разни фази во текот на сексуално активните години, ама големината во голем дел има врска со Орео колачите, за жал. Меѓутоа, се чини дека многу го прифаќаат почетниот став. Ако го изгуглате ова прашање, ќе ви излезат купишта женски форумски дискусии.

Често ќе налетате на жени кои се колнат дека „суштината на сексот е подготовка на телото на жената за бременоста (ама не е), така што кога имате секс, вашето тело природно размислува за тоа да се подготви за дете“; или жени кои тврдат дека заради сексот бедрата им се пошироки или газовите им се поголеми. Од друга страна, дури и некои блогери ќе ви кажат дека „да, сексот може да влијае на тоа да ви порасне газот, ама може и седењето во кола на пат до работа, бидејќи и таму можете да ги затегнувате и опуштате истите мускули“. На истите форумски дискусии има и многу од тие кои го отфрлаат ова тврдење како мит, но и понатаму има многу неодлучни по прашањето дали во оваа долгопостоечка гласина има парче вистина.

На основно ниво, познато е дека хормоните влијаат на тоа како женските тела изгледаат и како жените во нив се чувствуваат – а сексот го менува нивото на хормони во телото на многу начини. Под еден, сексот влијае на окситоцинот – ‘љубовниот хормон’ одговорен за тоа жените да се чувствуваат приврзано за нивните сексуални партнери; телото го испушта дури и при гушкање или бакнување, ама количината испуштена непосредно пред оргазмот е значително поголема. Сексот исто така стимулира и ослободување на допамин – ‘хормонот на среќата’, заради кој жените се чувствуваат како да имаат потреба која мора да се задоволи, а кога доживуваат оргазам, телото ослободува дехидроепиандростерон – што практично е стероид составен од сите тие хормони и заслужен за блаженото чувство при оргазмот. Во медиумите дури и се шпекулира дека што почесто жената има секс, повисоко е нејзиното ниво на естроген, а тој естроген може да влијае на нејзината телесна тежина и изглед. За да биде поинтересно, некои понови студии велат и дека дури и хормоните во спермата (тестостерон, естроген, пролактин и неколку други различни простагландини) практично можат да се пренесат на жената и да ѝ влијаат и физички и ментално.

Значи, ако хормоните на жените во текот на сексот се уфрлуваат во петта брзина, и ако хормоните на нивните партнери исто така можат да влијаат врз нивните тела, што се случува кога свесно почнуваат таа комбинација да ја уфрлуваат во петта брзина? Дали телата почнуваат да реагираат и да се прилагодуваат на непрестајниот секс – и во тој случај, може ли таа реакција да влијае на нивниот телесен изглед?

„Не, мислам дека тоа не е возможно“, вели Шарлот Вилкен-Џенсен – шефица на акушерско-гинеколошкото одделение во болницата Хвидовр во Данска. „Сексот не ги стимулира долгорочните хормони во телото, така што нема причина да се мисли дека заради сексот ќе ви порасне задникот“.

Според неа, лажното поистоветување на краткорочните хормони со долгорочните ефекти е дел од причината зошто жените често се прашуваат дали постои врска меѓу големината на газот и сексот. Меѓутоа, за сé е виновна и заблудата околу конкретните функции на различните хормони во телото. „Секако, кога имате секс, се ослободува окситоцин, заради што сте возбудени и ви се навлажнува вагината и слично“, објаснува Џенсен, „меѓутоа, окситоцинот не е естроген. Естрогенот е тој кој би можел да го стимулира растот на вашиот задник или промените во градбата на вашето тело, но нема докази дека сексот предизвикува ослободување на доволно естроген за на тој начин да би влијаел на вашето тело“.

Од друга страна, иако многу секс не значи посебно добро извајан задник, може да направи така да се чувствувате – а тоа чувство може да ве убеди и дека вашиот задник поминува низ период на нагло растење. Студиите покажуваат дека зголемената сексуална активност и сексуалното задоволство можат значајно да влијаат на тоа како жената ја доживува големината на својот задник. Една од овие студии, на пример, испитувала 53 неодамна венчани парови, со цел да открие дали зачестеноста на сексот и задоволството влијае на сликата која сопругата ја има за сопственото тело, тежина или физичко здравје. Заклучокот е: „Сексуалната привлечност на сопругите онака како што тие ја доживуваат е во значителна позитивна врска со зачестеноста на сексот“, а нивното „доживување на сопствената телесна големина е во директна корелација со нивното и сексуалното задоволство на нивните партнери“.

Ако веруваме на тие резултати, многу добар секс нема вистински да го измени обликот на вашето тело, ама затоа многу добар секс ќе го промени тоа како вие го доживувате тој облик. Вилкен-Џенсен се сложува со таа констатација. „Кога сте повеќе сексуално активни, тоа станува прашање на ментална слика – правени се и други студии на оваа тема. Вие природно го изразувате говорот на телото поинаку и одредени делови од своето тело ги носите на поинаков начин“, објаснува. „Исто така, не треба голема мудрост за да се знае дека сексот влијае на вашата самодоверба – што, пак, влијае на вашата перцепција за сопственото тело“.

Така, ако меѓу вас има жени што се надеваат дека нивниот фантастичен сексуален живот доаѓа со големи бонуси од типот на совршен крушковиден газ, ќе останат разочарани. Хормоните кои циркулираат во телото за време на сексот дефинитивно нема во тој момент да влијаат на обликот на вашето тело, ама фантастичниот сексуален живот веројатно ќе ве натера да мислите дека газот ви е перфектен.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ