Музеј на лоша уметност

mana lisa
Mana Lisa

Кога размислува за набавка на нови дела, Музејот за лоша уметност (MOBA – Museum of bad art) трага исклучиво по уметнички дела кои поседуваат „специјален квалитет“ што ги издвојува од оние начисто некомпетентните. Со други зборови, трага пред сé по уметност, ама лошо изведена. Донатори од целиот свет, антикварници и комунална хигиена – тоа се изворите на музејот.

Неговите почетоци датираат уште од 1993, кога дилерот на антика – Скот Вилсон, забележал слика во масло во ѓубрето. Денес таа е врамена и носи наслов „Луси во полето со цвеќиња“.

image

Пријателите на Вилсон го охрабриле да почне колекција, па почнал со изложби што ги организирал дома. Посетеноста сé повеќе растела, па колекцијата конечно нашла постојан дом во подрумот на општинскиот театар во Дедам, Масачусетс. Откако театарот падна во рацете на нов сопственик, главната галерија е преместена во филмскиот театар во Сомервил, а има свои ограноци и во Бруклајн (не Бруклин) и Јужен Вејмут, близу Бостон.

Елвис, наводно
Елвис, наводно

Денес, колекцијата брои над 600 дела, сите оригинални и направени со искрена намера – од ужасни пресликувања на човечката форма, до неразбирливи пејзажи и пропаднати експерименти во портретирање на животни. Веројатно заради просторните ограничувања делата во најголем дел се дводимензионални, ама како и да е, сé што се наоѓа таму недвосмислено го оправдува слоганот на музејот – „уметност премногу лоша за да биде игнорирана“.

Со оглед на тоа дека нема академија за лоша уметност, како уствари знаеш дека е лоша уметност? Е па тоа е „x-факторот“ на лошата уметност – што едноставно знаеш.

1bf2778859ea05e4b7d9a8e295be130a 3d40d3fd3265e898e14dc19f6933ef0e 4dec1b541f6216f189f00ec83f539f74 9385b59d2acfe7c7c60cf9f8e93ac8cb a2215a1dfdd68af9492cb01362db3ab3 dac2d6d0f1e3c9e9e775617ba60bfef5 За уште, ТУКА.

- Реклама -