Како всушност работи невидливата стелт технологија

030922-F-0000J-888[1]

Штом го читате ова, сигурно сте запознаени барем малку со бомбардерот B-2 и стелт технологијата, која му овозможува да лета „вон домет“ т.е. невидлив за радарот. Но, како всушност работи?

Во суштина, стелт авионите се дизајнирани да ги рефлектираат радио брановите подалеку од изворот, па тие на земјата не можат да регистрираат отчитување на нивните системи за следење. Но, дизајнирањето на авион со површина што не го рефлектира опсерверваторот е всушност многу тешко, макар што со користење на сложени компјутерски алгоритми може да се изведе совршено.

Радарите користат кратки пулсови од електромагнетна енергија за да развијат слика на објектите кои се движат во дометот на апаратот. Брановите што се рефлектираат назад од овие објекти ѝ овозможуваат на направата да регистрира „блип“ (отчитување), кој е индикација за големината и растојанието до контактот. Сепак, кога низ пулсовите на радарот лета авион како B-2, сите рефлектирани пуслови се насочени подалеку од радарската чинија (изворот). Ова значи дека радарот се однесува како таму да нема ништо, а стелт бомберот може да помине недетектиран.

Се разбира, B-2 не е тотално невидлив. Попрецизните радари го забележуваат, ама го прикажуваат како да е голема птица, а не како воено летало. Сиот инженеринг вклучен во стелт технологијата го прави речиси невозможен за детектирање со модерните електронски направи за детекција. B-2 е опремен и со стандардни „кормила“ (rudders), но нивното користење го зголемува неговиот отпечаток на радарот, па затоа инженерите ја имаат имплементирано способноста за независен погон на моторите на авионот, што му овозможува на леталото да врти додека е во стелт фаза.

Во однос на импактот врз модерното војување, создавањето на бомберот B-2 беше комплетирано по крајот на Втората светска војна, што е добра околност, со оглед на потенцијалната деструкција која овој авион е способен да ја предизвика. Стелт (stealth – „кришум“, „притаено“) можностите беа сон на многу од светските армии уште во минатото, но сега модерниот компјутерски дизајн овозможува изградба на уште поефикасни авиони.

- Реклама -