ВРЕМЕ НА ЧАТАЛЕЊЕ

0,,19277245_303,00На Шарените дечки, полицијата им го зема чаталот. Чаталот е лоша работа по угледот на нашата ни земја. Ги фарба институциите, и со него можат да се обојат дури и најгорните делови од проктот над проектите. Чаталот е причината поради која почнавме да ставаме и завеси на фасадите и да си ги мериме куројте кој е кој у државава. У меѓувреме Хорхе ќе си држи stand up комедии по светов а новинарите ќе паѓаат у транс од смеење. Среќа Исус и Мухамед се високо на небото па сеуште неаме чатал со домет шо ќе може да ги скине и да ги врати назад на проклетава земја. Чаталите на муабет ни имаат најголем дострел. Е со нив, го гаѓаме Зевс на небото, директно у лево маде….

Чаталење или ширење глупоќа и лажни вредности, е дилемата која не ора у овие моменти. Дали повеќе тежи гафот за Исус и Мухамед, или муабетите дека оние анархистине и левичарине рушеле споменици на културното наследство? Тешко нас ако за наследство се сметаат мегаломанските стиропор објекти, со асиметрична поставеност по Скопје. У меѓувреме, додека патриотите на платен список ронат солзи за виртуелното културно наследство на Македонија,она вистинското, чии камења тежат по неколку века, ги јаде забот на негрижата. Црквите по Македонија ги пљачкосуваат банди а икони стари по неколку века се изнесуваат надвор од земјава. Охрид, градот на УНЕСКО, си доби градежни парцели покрај езерото старо неколку илјади години. По реката Вардар кипери истовараат градежен шут. Галичица ја токмат да и викнат со пили и секири и некоја елитна населба да и опнат. А онаа куќана у село Ратево, каде Јане пиринскиот цар, ја грабил Мис Стон, е добра за голубарник или кокошарник. Гоце Делчев у парк ќе си стои исфарбан со графити веќе 20 години. Таму градот не ги мобилизира оние бригади на тетки, кои со сунгерчето у рака ни продаваа лажен патриотизам. Капијата остана не исчистена али чаламот по медиуми пројде. Дека оние се тие што ја бранат оваа земја, а останатите се баграта која ја рушат. Дај земете им го чаталот и на овие. Подеднакво е штетен по нашите меѓучовечки односи како и оние шо ги фарбаат спомениците на патриотите!

На Шарените им го земаа чаталот а на Прометеј му облекоа гаќи. И он не смее да дига чатал со својата машкост у сред жена парк. Нашиве домаќинки покрај тоа што се вредни и амбициозни со сунгерче од 15 денари да го исчистат градов од ,,баграта платеничка”, исто така се васпитани у патријахален дух. Уметничкото куре и разголените ташаци на Прометеј се лоши за нашиот бон тон. Едини фактор кој смее да мери муда у скопскиот бермудски триаголник е коњот на Ацета наш. Мудата од коњ се нашиот симбол на чаталење.Како и самата димензија и грандиозност на постаментот и воинот на коњ. Споменик со димензии на вселенска станица. Е тука чаталењето може да помине затоа што е стерилно исто како и нашиот сув патриотизам.
Децата шо изедоа ќотек во Куманoво најубаво го осетија патриотизмот на државата. А исто така и Балистите на Филип втори. Секој на свој начин го осети чаталот на државата! Едните згрбавени од ќотек а другите со пратња испратени до Тетово. Чаталот над Македонците за кои веќе никој одамна не води грижа нема никој да го одземе. Таму 100 стапа вредат како еден. Кога би биле на грбот на оние што ја демолираа арената, и ја исвиркаа македонската химна, хммм…..Ќе имаше прес конференции на најмалку три политички партии од кај браќава по Рамковен. Е тука сме од нив различни. Оние ќе си го мерат кој повеќе да ги заштите своите, а ние си го мериме, кого повеќе го заболе кур за нашите… Е тука нема чаталење. Ова е реалноста која на едни им го помодрува грбот и едино им дава право да се осеќаат као вистински потомци на Ацета….

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -