Како риалити ѕвездите стигнуваат на насловни

tabloidni-novinar-nam-otkriva-kako-rijaliti-zvezde-osvajaju-naslove-body-image-1464351858-size_1000[1]

Пред некои шест месеци, едно типче по име Џереми Мек Конел беше познат (само за некои) како бивш Мистер на Ирска, кој патем се имаше и појавено во риалити шоуто Beauty School Cop Outs на Ем-Ти-Ви, па не го знаеја ниту 13-годишните тинејџерки опседнати со Инстаграм. Стефани Дејвис, пак, е женската што доби отказ од една сапуница во која го играше ликот на Шинејд О’Конор. Нејзиниот агент изјави дека цурава ги игнорирала сите предупредувања околу каснењето и недоаѓањето на пробите, а конечната клоца ја доби кога на снимање дошла во алкохолизирана состојба. По пропаднативе сценарија, двајцата завршија во VIP Големиот Брат, каде го направија и најдобриот (дискутабилно) чекор во нивните кариери: имаа секс во живо на телевизија. Сега Мек Конел и Дејвис се на врвот на виртуелниот столб на срамот, ама нивните ликови ги има на повеќе шолји за кафе отколку што ги има Бијонсе, Ријана и Адел заедно. Фактот што секој детал од нивните животи алудира на депресивно патување кон самото дно е во втор, море во стоти план.

Стварта е во тоа што на таблоидите и сајтовите им е потребно нешто за да ги пополнат белите празни страни за читателите кои убиваат досада во автобус, воз или на фризер, а на овие двајцава им е потребен публицитет – најмногу за да добијат улога уште во некое риалити шоу, и така да заработат пари. И тогаш таблоидите ги викаат на интервјуа и зборуваат со нив бидејќи се славни учесници во риалити сферата, а овој публицитет им овозможува следно учество и во некоја друга емисија од истиот тип. Да, магичен круг без крај.

tabloidni-novinar-nam-otkriva-kako-rijaliti-zvezde-osvajaju-naslove-body-image-1464352936-size_1000[1]

Како им успева? Како ги натеруваат луѓето да читаат вести за Стефани Некојаси или Мек Рандом? Па, тоа е остварливо главно во пет чекори.

НАТЕРАЈ ГИ ЛУЃЕТО ДА ПОПИЗДАТ

Најбрзиот пат до славата во 2016 година е јавната хајка, што објаснува зошто Кејти Хопкинс (британска тв фаца, колумнист и учесничка во шоуто на Доналд Трамп – The Apprentice во 2007) и сличните и натаму се платени за објавување на своите мислења. Стефани и Џереми не само што имаа секс на телевизија, туку Стефани и го изневери својот дечко, човек по има Сем Рис, кој сето тоа го гледаше на ТВ надвор од куќата на Големиот Брат.

Дури и на Филип Скофилд – човек кој има разговарано со доста дискутабилни славни фаци, му пукна филмот и проба да остане настрана од сето ова, ама на крајот сепак беше вовлечен кога во една статија прокоментира: „Знаете што? Смачено ми е од овие двајца. Кому му е гајле што прават тие?“. Очигледно, одговорот е, гајле му е и на Фил, меѓу другите, а неговата лутина, како и на многу други, само ја подгрева нивната популарност.

ЗАМИСЛИ НАЈЕКСТРЕМНО МОЖНО СЦЕНАРИО

Тоа што е многу депресивно, а што новинарите го знаат од искуство, е што луѓето сакаат да читаат вести за славните само ако вестите се изразито добри или неверојатно лоши. Не постои средина. Па така, ако на пример не се мажите, најдобра алтернатива е да отидете до првиот паркинг каде што ќе бидете претепани, како што тоа го направи Стефани Дејвис минатата недела. Не дека тоа не беше дело на некој лудак што решил да ја нападне, како што таа тврдеше на Твитер, ама тогаш кој успеа да ја изфотографира додека лежи претепана на подот и се витка од болки? Тие фотографии самата таа ги постави на Твитер, а потоа ги избриша. Очигледно, ако првата реакција на твојот пријател кога некој ќе ти ја пукне фацата е да те фотографира, тогаш си на добар пат да станеш риалити ѕвезда.

ТВИТАЈ И ИЗБРИШИ

Ако твитнеш нешто или објавиш онлајн, некој, некаде, од тоа ќе направи принтскрин. Вистината е дека од интернет ништо не може да биде избришано. Во само една недела, Стефани Дејвис на Твитер објави дека раскинала со Џереми (па го избриша), дека е трудна (па го избриша), па постави слики од нејзе како пие додека е трудна (па и тие ги избриша).

ИНСТАГРАМ И ИНСПИРАТИВНИ ЦИТАТИ

За многумина, Инстаграм е рај за поставување на слики од одмор или следење на бившите. За риалити ѕвездите, пак, Инстаграм служи са суптилно хранење на таблоид сајтовите со нивни фотографии. Тоа е галерија на нивниот живот – селфијата се строго пожелни, фотографирање на новото кученце исто така, а тука се и инспиративните цитати од типот „Еден ден ќе се разбудиш и ќе прашаш каде е онаа девојка која ти некогаш беше, зошто ја оттурна?“. Длабоки ствари.

ДОБАР/ЛОШ АГЕНТ

Не е добро да се плаче на Твитер за бременоста, раскинувањата, изневерувањата или порно снимките со бившите… освен ако од тоа не заработуваш. Еј, тоа ти е кариера! Не можеш да живееш само од потплаќање на фотографи да те сликаат додека бараш венчален прстен. Ти треба и немилосрден агент кој ќе се јавува по таблоиди и ќе договара интервјуа кои можат да ти донесат и до 15.000 фунти (со добра приказна и многу повеќе), дури и во моментите ти е најтешко. Честа пракса, на пример, е славните парови и бившите славни парови да имаат ист агент, што значи дека прво се јавуваат во еден магазин за едната половина да го посрами бившиот партнер, а потоа се јавуваат во друг магазин да договорат статија со наслов „бившиот го возвраќа ударот“. Многу често има и ситуации кога агент се јавува за да соопшти дека неговиот клиент, кој едвај има „С“ од славен, ѝ го пукнал носот на својата исто толку „славна“ девојка, и дека сега сака јавно да зборува околу тоа, но за одредена сума…

Ете. Може ќе ги изгубиш семејството, пријателите и секое зрно професионален респект кој некогаш си го имал/а, и нормално – достоинството, ама за возврат веројатно ќе успееш да заработиш околу 40.000 фунти и да станеш познат барем на година дена. Ако имаш среќа.

- Реклама -