Постои ли петта неоткриена природна сила?

СПОДЕЛЕТЕ

cosmic-force-web[1]

Знаеме за четирите основни фундаментални сили на природата: гравитација, електромагнетизам, и слабите и силните сили помеѓу атомите. Но, можно ли е да постои и петта природна сила која сé уште чека да биде откриена? Еден нов експеримент спроведен во Унгарија вели дека такво нешто е сосема можно.

Како што известува Nature News, тим од физичари предводени од Атила Кражнахорки од Унгарската академија за науки, доцна лани објави провокативен извештај во кој тврди дека чудната аномалија на радиоактивниот отпад е индикација за постоење на непозната фундаментална природна сила. И покрај контроверзното тврдење, извештајот помина незабележано, сé до моментот кога Џонатан Фенг и неговите колеги од универзитетот во Калифорнија не решија поподробно да го испитаат – и не најдоа ништо погрешно во унгарскиот експеримент и заклучок.

Така, сега и физичарите низ светот се заинтересираа за потенцијалниот досегашен пропуст во науката. Шпекулации за постоењето на непозната петта сила, пак, постојат веќе со години, а делумно се резултат на неможноста на стандардниот физички модел да ја објасни темната материја – хипотетична форма на материја која се состои од огромни делови маса и енергија во „достапниот“ универзум.

Теории за модифицирана гравитација, како и идеи за честици на егзотична материја и носители на сила (force-carriers) познати како „темни фотони“ – веќе постојат. Впрочем, токму по темни фотони трагале унгарските научници кога налетаа на нешто сосема поинакво.

За време на нивниот експеримент, тие „испукувале“ протони кон тенка лента од литиум. Како што лентата ги апсорбирала протоните, морфирала во нестабилна верзија на берилиум, кој продолжил да се распаѓа и понатаму, „исплукувајќи“ парови од електрони и позитрони. Но, кога протоните биле испукани кон литиумската лента под точен агол од 140 степени, биле истурени повеќе електрони и позитрони од очекуваното. Кражнахорки и неговите колеги хипотетизираат дека овој екстра материјал доаѓа од нова честица што е 34 пати потешка од електрон – што воедно е и можна индикација дека постои неоткриена сила.

Во научните кругови, резултатите од експериментот побудија подеднаков микс од скептицизам и возбуда. Физичарите сега размислуваат во насока на разните начини на кои би можеле да го испитаат ова интригантно откритие. Истражувачите од Thomas Jefferson National Accelerator Facility, како и други групи од САД и Европа, веќе работат на проблемот, а се очекува да го потврдат или да го девалидизираат откритието за околу една година.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ