Што сонува професионален аниматор на дроги?

Врзете појасите и ајде во авантура во ова измрдано видео полно со калеидоскопски мачки, психоделична ротоскопија, глич арт и намерно лоши компјутерски ефекти. Направено е од многу аниматори и музичари и е дел од Off the Air videos серијалот на Adult Swim. Последново се вика Shapes и најдетално го одговара прашањето од насловот.

- Реклама -