Google патентира систем кој ги лепи пешаците на хауба

СПОДЕЛЕТЕ

Од Google побараа серификат за патент за нов систем за безбедност, кој ги „лепи“ пешаците кон предниот дел од автомобилот за време на инцидентот, за да се избегнат секундарни повреди.

434_Google-470-1[1]

Автономните автомобили на Google се сообраќаат неколку години по патиштата и нивото на безопасноста е на далеку повисоко рамниште од моментот кога почна истражувањето со истите. Во Google постојано се развиваат голем број нови системи кои се патентираат од страна на компанијата, а последниот е овој што многу ќе придинесе за помалку повреди кај пешаците при евентуален удар. Системот користи леплива материја покриена со тенок заштитен слој која се растргнува за време на ударот и ја ослободува површината за да го задржи телото на пешакот врз автомобилот и не му дозволува да падне на патот или да влезе под возилото.

249_Google-470-2[1]

Звучи многу интересно како идеја, но повлекува и неколку значајни прашања, особено по ослободувањето на телото по некое време. Што може да предизвика залепениот слој на лицето или кожата на пешаците при контактот и потоа при ослободувањето? Што се случува ако по ударот заедно со пешак автомобилот падне од мост или пак се засили кон огради?

Се разбира, како и многу други чудни технологии и оваа може да не се реализира во пракса, особено ако системите за превенција и избегнување на ударите на патот од автомобилите роботи се развиваат максимално.

Автоплус

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ