Баскерфест 2016

busker16_profile
На 10 јуни во Скопје започнува меѓународниот уличен фестивал- Баскерфест

Единаесетти пат, традиционално во Скопје, но и во другите градови низ Македонија ќе се одржи „Баскерфест“, фестивалот кој под отворено небо нуди бесплатна забава за сите возрасти. Локацијата е плоштад „Македонија“, а свои точки секојдневно ќе имаат атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. Во Скопје фестивалот ќе започне на 10 јуни и ќе трае 10 дена, а потоа ќе продолжи и во другите градови ширум Македонија. Со овој настан секоја година се отвараат  портите на Скопје како за домашната, така и за  меѓународната публика која ја има во сè поголем број. Се очекува настап на над 100 артисти од различни земји, многу музички точки и баскер работилници, како и катче за најмладите.

busker_2016
- Реклама -