Не можеме да се врземе само за една личност, секогаш постои некој подобар!

sdddssdsd

Не можеме да се врземе само за една личност, бидејќи секогаш постои некој подобар.

Новото истражување на долгите врски кај луѓето постари од 40 години, покажа дека причината поради која не можеме да се „скрасиме“ е затоа што постојано анализираме и бараме подобар и поприкладен партнер.

Една студија објавена овој месец од Универзитетот во Тексас следеше 119 мажи и 140 жени кои се во долги врски и открила дека партнерите се избраат еден со друг во согласност со алгоритам од 27 квалитети, вклучувајќи привлечност (се разбира), интелигенција (добро е да се знае), здравје (коректно), финансиска способност (јебига).

Истражувачите ги поделиле паровите на оние кои се повеќе атрактивни и помалку атрактивни, во согласност со горенаведените квалитети (подобрата и „полошата“ половина).

Истражувачите откриле дека, кога поатрактивниот партнер ќе го стават пред другите, кои ги исполнуваат нивните критериуми, се јавува проблем со верноста и посветеноста кон своите сакани. Имено, кога партнерот е помалку привлечен, паровите се позадоволни со нивната врска и полесно е да бидат посветени еден на друг.

Даниел Конрој – Бим, психолог кој работеше на студијата, еден од оние кои беа на чело на истражувачкиот тим, изјави дека партнерите кои се попосакувани работат на тоа нивната врска да успее, но само ако имаат ограничен број опции за напредок во однос на нивната врска.

Конрој – Бим додава дека истражувањето не траело доволно долго за да може да се заклучи дали се осудени на пропаст оние врски кај кои има голема разлика во степенот на пожелноста на партнерите. Тој очекувал дека ќе примети навестување за пукање на врската кога ситуацијата ќе и овозможи на подобрата половина да сретне некој од свој калибар.

Истражувањето се занимаваше и со тоа како партнерите се справуваат со ситуациите кога односите меѓу нив се напнати. Повторно, истражувањето покажало дека оние кои се „полошата половина“ во врската, или имале помалку опции, повеќе се труделе врската да опстои и тие биле посреќни во врската. Овие партнери, исто така, се труделе нивните партнери да не сретнуваат други луѓе (во студијата тоа се нарекува „партнерски штит“) и повеќе работеле на тоа  да бидат попривлечни.

Студијата открива дека ситуацијата „драматично е променета во последните неколку години“ со доаѓањето на Тиндер :), кои можат да ја влошат нашата способност да се посветиме на некого.

„Психологијата секогаш е иста, но динамиката е променета, бидејќи ситуацијата со врските е променета“, изјавува Конрој – Бим. Ова однесување еволуираше со текот на времето. Порано луѓето биле изложени на релативно мали групи на потенцијални партнери, но сега, со модерната технологија, имаме пристап до неограничен број на потенцијални партнери“.

- Реклама -