Гигс се збогуваше со Јунајтед

По 29 години, Рајан Гигс реши да се повлече од клубот Манчестер Јунајтед. На местото на Ван Гал доаѓа Мурињо кој му понудил на Велшанецот да си остане на функцијата помошник менаџер, но Гигс категорично ја одбил со образложение дека не се гледа повеќе како дел од клубот. Гигс соработуваше и со Мојс и со Ван Гал.

Со клубот имаше брилијантна кариера освојувајќи 13 титули во Премиер лигата, 1992–93, 1993–94, 1995–96, 1996–97, 1998–99, 1999–2000, 2000–01, 2002–03, 2006–07, 2007–08, 2008–09, 2010–11, 2012–13, 4 ФА Купа: 1993–94, 1995–96, 1998–99, 2003–04, 3 Лига Купа: 1991–92, 2005–06, 2008–09 , 2 Лига на шампиони: 1998–99, 2007–08

Остана запаметен како еден од најкорисните играчи кој некогаш заиграл за клубот.

- Реклама -